Коморачот кај народот е уште попознат под името дива миродија, а ќе го препознаете по крцкавиот коренест дел, ситните зелени ливчиња и по карактеристичната миризба. Тој им дава сосема посебна, медитеранска арома на јадењата. Од него се јадат сите делови. Од коренот можат да се подготвуваат одлични свежи салати, но може и да се пече на скара, а семето и листовите му се користат како зачини.

Покрај сосема единствениот, вкус кој потсетува на анасон, коморачот има и многу лековити својства. Тој е еден од главните состојки во чаевите кои го подобруваат варењето, дури и во оние наменети за бебињата. Во Индија имаат обичај по вечерата да џвакаат семки од коморач за вечерата подобро да им се свари, а се користат и за освежување на здивот. Но, тоа не е се. Постојат уште многу причини поради кои коморачот треба да се најде во секојдневната исхрана. Еве некои од нив:

Го поттикнува варењето. Семето од коморач го стимулира варењето и ги ублажува мачнините. Болките и надуеноста во стомакот по јадење ќе ги остраните ако џвакате една лажичка семе од коморач веднаш по јадењето или ако се напиете чај од него. При есктремни случаи на мачнина, најдобро е да се земаат капсули на база на ѓумбир и коморач, бидејќи оваа комбнација многу ефикасно се справува со мачнините.

Го намалува ризикот од карцином. Метанол екстрактот кој е пронајден во семето од коморач е многу корисен како антиканцероген агенс, а тоа го имаат потврдено бројни студии објавени на оваа тема. Стручњаците напоменуваат дека е посебно ефикасен кај рак на дојка и на црниот дроб.

Го намалува забрзаниот раст на влакната. За време на едно истражување било докажано дека кремите кои содржат два проценти екстракт од коморач помагаат во намалувањето на забрзаниот раст на влакната кај оние жени кои патат од идиопатски хирзутизам.

Ја ублажува непријатноста за време на менструалниот циклус. Коморачот е едноставно добар за сите видови проблеми со стомакот. Така, докажано е дека многу успешно ги смирува болките и чувството на непритност во стомакот кај жените за време на менструалниот циклус. Од друга страна, докажано е дека ја намалува обилноста на крварењето.

Ги ублажува симптомите од менопаузата. Есктрактот од коморач има својства еднакви како естрогенот, и на тој начин помага во оддржување на хормоналната рамнотежа во женскиот репродуктивен систем. Хормоналниот дисбаланс предизвикан со менопаузата докажано се ублажува ако жената за време на менопаузата користи екстракт од семе на коморач.
Ефикасен за колики кај бебињата. Маслото направено од семе од коморач го намалува интензитетот на коликите кај бебињата. Во една студија, со помош на ова масло коликите биле ублажени кај 40 од 62 новороденчиња кои учествувале во истражувањето. За време на истражувањето, научниците забележале дека лековите кои инаку им се припишуваат на бебињата за грчеви можат да имаат сериозни нус-појави додека коморачот е сосема безбеден за користење.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина