kajsii-naslovna

Кајсиите ја поттикнуваат одбраната на организмот од бактериските инфекции, обнова на оштетините ткива, намалување на лошиот холестерол во крвта. Дејствуваат како благ лаксатив. Богати со хранливи и лековити состојки, кајсиите обично се преработуваат и се продаваат како сушени, додека во Македонија најмногу се користи за производство на сокови, џемови и компоти. Хранливата вредност и составот на плодот се менува со сушењето и термичката обработка. За време на сушењето, концентрацијата на шеќери и калории се зголемува, заради тоа што не им се препорачува на дијабетичарите и личноста со зголемено ниво на холестерол.

Наспроти тоа, свежите кајсии содржат доста вода, но многу малку калории, заради што посебно им се препорачуваат на личностите со прекумерна тежина.Во менито оваа намирница би требло да се вклучи и при најголемите горештини, кога е изразено обилното потење, бидејќи успешно ја надокнадуваат изгубената течност, како и витамините и минералите. Што се однесува до другите корисни состојки, во свежите кајсии најзастапена е лимонската киселина, а од витамините најмногу има витамин А, Ц, Б комлекс, а особено Б17 како и бета-каротен. Во изобилство има и калиум, танин и поединечен терпен, кои му даваат пријатна арома.

Богати со витамини и минерали, кајсиите ја зајакнуваат одбраната на организмот од бактериски инфекции, го поттикнуваат обновувањето на оштетените ткива и развојот на забите и коските, а корисни се и за подобрување на видот. Заради исклучителната застапеност на бета-каротенот, кајсијата има благотворни ефекти врз срцето, бидејќи влијае на намалувањето на лошиот холестерол во крвта, како и на некои други болести.

kajsii_1

 

Кајсиите се богати и со растителни влакна кои ја поттикнуваат работата на органите за варење. Благодарение на целулозата и пектинот, имаат благо лаксативно дејство, додека ако го земете пред главниот оброк го стимулираат метаболизмот. Заради високата содржина на железо се препорачуваат на анемичните личности, заради зголемување на хемоглобинот.

За исклучително здрав се смета и свежиот сок од кајсија без конзерванси и додатоци на шеќер. Посебно е делотворен како лек кај настинката и кожните болести, а исовремено разладува и ја забрзува елиминацијата на отпадните материи од варењето. Кајсиите како овоше особено поволно дејствуваат на кожата, па народните лекари ги препорачуваат при појавите на егземи или изгореници.

Семенките на кајсиите се коритат во прехрамбената индустрија, најчесто како замена на семенките од бадемот. Од овие семки се прави италијанскиот ликер амаро, бисквитите, додека маслото од кајсии исто така се употребува за јадење. Од кајсиите се прави и многу ароматичната, вкусна и питка ракија од кајсии. Поради богатството со протеини и есенцијални масни киселини, семето од кајсиите се користи и во козметичката индустрија. Служи за изработка на производи наменети за сува, возрасна и збрчкана кожа.

Моќта на семките од кајсија

И покрај сиромаштијата во земјата, народот во Пакистан- Хунзите се многу здрава и долготрајна нација, додека присуството на рак меѓу луѓето е исклучително ретка појава. Западните истражувачи откриле дека клучот за здравјето лежи во консумирањето на богата минерална вода и омилената намирница – кајсиите, кои се многу богати со витамин Б17. На лето ги јадат свежи, а за зимата ги сушат. Семките, исто така, ги печат и јадат, а маслото го користат за готвење и преливи, но и како лосион за лице. Во просек, на овој начин дневно внесуваат помеѓу 50 и 80 милиграми витамин Б17, за разлика од луѓето во западниот свет, кои дневно едвај внесуваат два милиграми.

Овој податок е многу важен, имајќи на ум дека некои научни кругови тврдат дека суровите семки и коски можат целосно да ја спречат појавата на рак, благовремено убивајќи ги на клетките на ракот. Тие тврдат дека ако еден човек консумира седум свежи, измелени коски од кајсии нема да заболе од рак.

Семките отстранети од јадрото може да бидат горчливи, заради што и треба да се јадат со малку мед. Во исто време, од исхраната треба да се елиминираат шеќерот, кофеинот и белото брашно, но затоа треба да внесуваат многу витамин Ц и да пијат многу вода.