Секојдневно треба да се консумираат јаткасти плодови
Се поголем е бројот на истражувања кои потврдуваат дека јаткастите плодови имаат позитивно влијание врз здравјето на целото тело, а најзначајни се предностите на превенција од рак, срцеви болести и дијабетес тип 2.
Активните состојки во ореви, како што се алфа линоленската киселина, омега 3 масни киселини, протеини, витамини Е и Б6 и хранливи соединенија како фолна киселина, селен, магнезиум и антиоксиданси, може да го подобрат здравјето на целото тело. Кога научниците ги анализирале резултатите од една серија на истражувања, тие заклучија дека треба да се конзумираат јаткасти плодови што е можно почесто, по можност секој ден,за стимулирање на здравјето на различни начини:
Превенција од рак на дебелото црево
Корејските научници за прв пат покажаа дека соединенијата од јаткастите плодови имаат одлични перформанси врз здравјето на дигестивниот систем и може да помогнат во спречување на ракот на дебелото црево. Резултатите од нивното истражување покажаа дека зголемување на внесот на јаткасти плодови ја зголемува веројатноста за успешно лекување на рак на дебелото црево.
Го подобруваат кардиоваскуларното здравје
Научниците од Калифорнија спроведоа студија во која биле вклучени постменопаузални жени со висок холестерол во крвта. По почетокот на дневна потрошувачка на јаткасти плодови, вкупниот холестерол се намали, а нивото на добриот холестерол (HDL) се зголеми.
Превенција на нарушувањата на работата на мозокот
Кога Истражувачите ги испитувале ефектите на јаткастите плодови врз здравјето на мозокот, дошле до пресврт. Редовното консумирање на јаткастите плодови помага во спречувањето на когнитивни нарушувања, ја подобрува меморијата и менталните функции. Иако било спроведено истражување на лабораториски глувци, научниците веруваат дека ефектот е идентичен и кај луѓето.
За подобро здравје на дигестивниот систем
Здравјето на дигестивниот систем значително влијае на здравјето на сите други органски системи. Дневната потрошувачка на јаткасти плодови може да помогне во одржување на бактериски баланс во дигестивниот систем. Тие имаат директно влијание врз начинот на дигестивниот систем во кој се вари вари храната и ги апсорбира хранливите состојки, а исто така помага и во спречувањето на голем број на хронични болести.
Во последните 20 години е извршена серија на истражувања и објавени повеќе од 159 научни трудови на тема јаткасти плодови, кои покажуваат дека помагаат во спречување на срцеви заболувања, различни видови на рак и дијабетес, и ги подобруваат когнитивните функции , го олеснуваат одржувањето на здрава тежина и учествуваат во спречување на неплодноста.