Благодетите од одењето во сауна се многубројни. Освен што е одличен начин со кој можете да поминете убаво време, воедно е и ефикасен начин со кој ќе се погрижите за вашето здравје.

 

Ги извлекува токсините од телото

 

Потењето е еден од начините на кој телото се ослободува од токсините кои сме ги внесле на различни начини. Сауната го прави токму тоа, ги извлекува токсините од нашето тело и тоа е наједноставниот начин за чистење на организмот.

 

Помага за губење на вишокот килограми

 

Одењето во сауна е одличен начин со кој можат да се загуби вишокот килограми, со минимален труд. Само 20-тина минути во сауна во која температурата е околу 70 степени и телото ќе загуби 500 калории. Метаболизмот се забрзува исто како и кај засилен физички напор и е одличен начин ако сакаме телото да го воведеме во ред.

 

Го јакне имунитетот

 

Уште една предност од одењето во сауна е јакнењето на имунитетот. Клучен дел од имунолошкиот систем се белите крвни клетки или лимфоцитите, а сауната го зголемува нивниот број. Редовните корисници на сауната имаат поголемо ниво на лимфоцити и со самото тоа и посилен имунитет.

Ја зголемува издржливоста при спортски активности

 

Нашето тело има одредено ниво на отпорност на високи температури, а редовната употреба на сауната дополнително ја згоемува оваа способност. На тој начин ја зголемуваме издржливоста при физичките активности.

 

Одлична е за косата

 

На темето имаме посебни лојни жлезди кои помагаат косата да не биде премногу сува, но поради претераното третирање на косата, жените можат да имаат сува коса, на која и треба влажност за да ја подобри својата еластичност. Времето поминато во сауна ја зголемува работата на овие жлезди и со тоа и ја пружа на нашата кожа потребната еластичност.

 

Го забрзува закрепнувањето по вежбање

 

Во денешно време, многу теретани нудат и можност за посета на сауна. Имено, сауната е ефикасен начин со кој можеме да закрепнеме од вежбањето. Мускулите брзо се опуштаат и побрзо закрепнуваат од вообичаено.

 

Ја подмладува кожата

 

Одењето во сауна е одличен начин со кој можеме да ја вежбаме кожата. Како старееме, така кожата ни станува се помалку еластична, а само неколку посети на сауна ќе го подобри работењето на крвотокот, односно ќе ја подобри циркулацијата, ќе ги рашири порите и ќе ги острани мртвите клетки од кожата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина