Јин Шин џуицу е древна јапонска вештина, уметност, филозофија и моќна алтернативна медицина која се темели на раката, односно на прстите од раката. Научете ја оваа вежба и ослободете се од тегобите

Како се применува оваа вежба?
  1. За време на вежбата обидете се да се опуштите и да се концентрирате на тегобите кои ги имате. Дишете полека и длабоко.

  2. Со спротивната рака фатете одреден прст, опфатете го целосно и стиснете го со цела дланка.

  1. Задржете се во таа положба околу две минути. Ќе почувствувате пулсирање во прстот, но тоа е нормално.
  2. Дишете рамномерно и полека, како да медитирате.

  3. За вежбање на целото тело, обработете го секој прст на раката и задржете се на него околу 3 минути.

    ПАЛЕЦ

Органи: стомак и слезина

Емоции: ограниченост, депресија и напнатост, грижи

Физички симптоми: болен стома, проблеми со кожата, главоболки, нервоза

ПОКАЗАЛЕЦ

Органи: бубрези и мочен меур

Емоции: фрустрации, страв, психичко оптоварување

Физички симптоми: болки во зглобовите, болки во мускулите на грбот, забоболка и проблеми со дишењето, зависност (од таблети, цигари, алкохол и др.), проблеми со варењето

 

prsti

 

СРЕДЕН ПРСТ

Органи: црн дроб и жолчка

Емоции: нерешителност, лутина и бес, иритираност

Физички симптоми: проблеми со циркулацијата, менструални тегоби, проблеми со очите и видот, омалаксаност, мигрени и главоболки

ПРСТ ДО МАЛИОТ ПРСТ

Органи: бели дробови и дебело црево

Емоции: негативност, лутина, страв од одбивање, жалост

Физички симптоми: проблеми со варењето, зуење во ушите, проблеми со дишењето, како на пример астма, длабински промени на кожата

 

МАЛ ПРСТ

Органи: срце и тенко црево

Емоции: несигурност, нервоза, чувство на помала вредност

Физички симптоми: проблеми со притисокот, срцеви тегоби, воспалене на грлото, надуеност, проблеми со коските и нервниот систем

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина