zdravstveni greski_1

1.Возиме автомобил со отворени прозорци

Иако тоа може да биде прилично примамливо, не е баш препорачливо на големите прометни улици и булевари, бидејќи на тој начин се изложуваме на штетните нешта од околината, и на тој начин собираме и до 45 проценти повеќе загадени честички на кои инаку би биле изложени во текот на 24 часа. Наместо возење со спуштени прозори, автомобилот иветрејте го пред да почнете да возите.

2. Носиме тешки торби

Припадничките на женскиот пол се познати по тоа дека носат ташни и торби во кои „нема што нема“ Навистина ли ви се потребни сите овие работи? Носењето на премногу тешки ташни и торби че остави трага на вашето здравје, ќе предизвика грчеви, проблеми со вратот, артритис и лоша положба на телото.

3. Предолго вежбаме

Мислите дека ќе имате повеќе корист доколку што подолго сте на справите. Меѓутоа, тоа може да биде контрапродуктивно. Претераното вежбање може да доведе до абнормални хормонални промени (кои дури можат да предизвикаат и дебелеење), да го ослабне имунолошкиот систем, да ги оштети мускулите, да ги повреди колената и грбот. Важно е да вежбате, но немојте да претерувате.

4. Не спиеме доволно

Денот ни изгледа прекраток за сите наши обврски и се она што сакаме да го направиме, па често штедиме токму на сонот. Меѓутоа, не само што недоволната количина на сон ќе направи да се чувствуваме уморно и со подочници, туку може да предизвика и сериозни здравствени последици и да го зголеми ризикот од настанување на срцев и мозочен удар. Одредете го времето за одење на спиење и придржувајте се до него, трудете се да отспиете барем 7 часа.

5. Не ја мериме нашата телесна тежина редовно

Ако не забележиме дека сме се здебелиле, тоа е исто како и да не се случило тоа, така? На секој тежината природно му варира и не треба да се крева паника ако сте добиле некој килограм плус, но ако сте качиле повеќе од пет килограми, тогаш време е за акција. Редовното проверување на тежината е важно за да реагирате на време- неколкуте килорами вишок е полесно да ги изгубите, отколку да ги изгубите насобраните 10 килограми вишок.

6.Премногу сме загрижени

Се грижиме за нашите состаноци, за тоа дали сме го фрлиле ѓубрето, дали сме ја нахраниле мачката, дали ќе стигнеме навреме да ги земеме децата- и тоа во еден момент може емоционално да не дотолчи. Стресот може да биде поттикнувачки, но премногу стрес лошо влијае врз здравјето. Бескрајните грижи водат кон стрес кој предизвикува главоболка, висок крвен притисок, мачнини, болки во грбот и проблеми со спиењето.

7.Престануваме да ги пиеме лековите пред крајот на терапијата

Штом ќе се почувствуваме подобро престануваме да го пиеме лекот, а потоа одеднаш се чувствуваме уште полошо. Зависно од лекот кој го пиете, престанувањето на земањето на лекот може да има различни последици врз здравјето, од благи до сериозни. Наглиот престанок на земањето на лековите може да предизвика главоболка, да ја поврати болеста или да предизвика напади. Затоа, лекот земајте го се додека лекарот не ви каже дека можете да престанете.

8. Не користите конец за заби

Кога е оралната хигиена во прашање, конецот за заби е клучна компонента, но и чекор кој многумина го прескокнуваа, бидејќи не ги чувствуваат директно неговите поволни ефекти. Вреди да си ја создадете оваа навика, бидејќи ако бактериите го пронајдат патот до крвотокот можете да добиете хронично воспаление и да го зголемите ризикот од добивање на срцев удар, мозочен удар, рак и предвремено раѓање. Козметичката компонента е ште една очигледна причина.

9. Го прескокнваме појадокот

Прескокнувањето на појадокот е како возење на автомобил со мала количина на гориво во него- во почетокот ќе биде во ред, но со текот на времето ќе забави и ќе застане. Не само што ќе имате помалку енергија, туку и прескокнувањето на појадокот е поврзано со поголем ризик за добивање на дијабетис и може да доведе до дебелеење. Редовно имајте појадок за да бидете посреќни, пофункционални и пред се, здрави.

10. Пиеме топла вода од славината

Научниците предупредуваат дека топата вода од славината може да доведе до труење. Од кородиранирате водни цевки во водата може да навлезе олово, а пиењето на големи количини на ваква вода може да биде опасно по здравјето, особено за децата. Иако научниците истакнуваат дека ризиците за труење со олово се мали, се препорачува секогаш да пиете од ладни цевки.