Промените во нивото на различни хормони може значително да делува врз човековото здравје, однесување, сексуална желба, плодноста, чувствата и низа други животни сочинители. Имено, хормоните се материи кои ги надгледуваат сите физиолошки процеси во организмот – од регулација на метаболизмот, активирање на имунолошкиот систем до менструалниот циклус, производството на сперма и репродукцијата, па од тука е јасно дека секој дисбаланс негативно влијае на здравјето и нормалното функционирање на организмот. Хормоните ги лачат жлездите со внатрешно лачење: хипофизата, панкреасот, штитната и доштитната жлезда, градната, надбубрешната жлезда, машките полови жлезди и женските полови жлезди.

Поради сето горенавдено, многу е важно навреме да се препознаат знаците на дисбаланс на хормоните и да се реагира со цел нивоата на нарушени хормони да се вратата во нормала и да овозможат правилно функциониање на организмот.

Што се може да предизвика дисбаланс на хормоните?

Во денешно време, дисбалансот на хормоните е многу честа појава, посебно во градовите, каде загаденоста на околината е поголема. Покрај надворешните влијанија, врз нивото на хормоните силно влијаат и стресот, лошата исхрана, нечистата вода, неправилното и недоволно спиење и физичката активност. Покрај нив, природни фактори кои можат да влијаат на нивото на хормоните се менструалниот циклус, бременоста и менопаузата. Други фактори кои влијаат и кои не треба да се заборават се контрацептивните пипули и лековите со кои се надополнуваат хормоните, а кои многу почесто не исфрлаат од балансот на природните хормони.

Еве кои се најчестите ,,виновници,, за дисбаланс на хормоните.

1. Проблеми со варењето

Кортизолот, хормонот на стрес, предизвикува големи нарушувања во физичката и психичката состојба. Меѓу најпогодените системи е оној за варење, па овие луѓе патат од констипација. Редовната работа на цревата е есенцијален фактор за одржување на здравјето и за редовно исфрлање на отровите од организмот и на преработените хормони. Констипацијата доведува до тоа токсините и естрогенот, кој е спремен за исфрлање од организмот, да се задржуваат во него и да влијаат на нарушувањето на балансот на хормоните, но и негативно влијаат на работата на црниот дроб.

2. Проблеми со спиењето

Жените често имаат проблеми со спиењето во периодот пред добивање менструација. Причината за тоа лежи во наглото опаѓање на нивото на прогестерон непосредно пред тоа. Падот на овој хормон се забелажува и во некои други периоди, како што е оној по породувањето. Дополнително, неспиењето понатаму доведува до низа други нарушувања во балансот на хормоните. Покрај тоа, недоволното спиење го поттикнува зголеменото лачење на хормонот грелин (хормонот за глад), додека лептинот опаѓа. Грелинот е хормон кој го стимулира апетитот, додека лептнот го намалува. Значи, спиењето е важно за метаболичкиот баланс и за контрола на телесната тежина.

3. Акни

Проблемите со акните се чести кај жените во периодот пред менструалниот циклус. На нив може да се делува позитивно преку избирање намирници со познато потекло и одбегнување консумирање на готова и преработена храна. Прекумерното производство на хормони влијае на затворање на порите, што доведува до мали воспалителни процеси, разни дамки на кожата и акни.

4. Проблеми со помнењето

Проблемите со помнењето се често поврзани со дисбалансот на хормоните. На пример, докажано е дека зголеменото ниво на кортизол може да влијае негативно на помнењето и на способноста за учење.

 

5. Хроничен замор

Заморот од рано наутро или нужноста за попладневен одмор е исто така показател за некои хормонални промени. Често заморот е показател за проблеми со штитната жлезда, односно за нејзино забавено работење. Многу често ваквите состојби ги следи и натрупувањето на вишок килограми, од кои е невозможно да се ослободиме, дури и покрај вежбања и диети.

6. Промени на расположението и депресија

Промените на расположението без јасен повод се исто така показател за хормонален дисбаланс. Кај жените ова е почеста појава, посебно во менопаузата. Анкциозноста и депресијата се показатели за нерамнотежа и токсичност, кои можат да бидат поврзани со стрес, презафатеност, но и од несоодветна исхрана и недоволно внесување течности.

7. Проблеми со либидото

Хормоналните промени можат значајно да влијаат негативно врз либидото и нивото на сексуална желба. Факторите од околината, прехранбените и други фактори можат да влијаат на балансот на репродуктивните хормони и кај мажите и кја жените, што може да се одрази на либидото. Кај жените намалената сексуална желба е честопати поврзана со малите нивоа на естроген. Недостигот на енергија е директно поврзан со нивото на либидото, а организмот е така програмиран што ја користи енергијата прво за работа на органите и за одржување на виталните функции и метаболизмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина