Терминот ,,макробиотика,, води потекло од грчките зборови macro (голем) и biotokos (живот). Од тука, макробиотичка исхрана е исхрана која подразбира консумирање пред се на различни видови интегрални житарки и мешунки, а потоа и зеленчук, јаткасти плодови и овошје. Оваа исхрана е специфичен начин на исхрана и се состои во одбегнување на прејадување, а храната темелно се џвака пред да се голтне. Макробиотичарите инсистираат на што повеќе природни намирници кои не претрпеле поголеми процеси на преработка. Што се однесува до храната од животинско потекло, макробиотичарите одбегнуваат месо од здравствени причини, а го фаворизираат консумирањето на риба, жабји копани, морски плодови и живина. Овошјето во макробиотичката храна не спаѓа во храна и ретко се консумира. Кога се консумира, се консумира на многу начини – свежо, варено, печено и т.н. Во споредба со житарките од цело зрно, гравот, зеленчукот и морските плодови, овошјето има помала количина на сложени јагленохидрати, влакна, протеини, незаситени маст и есенцијални витамини и минерали. Најголем дел од него е вода. Фруктозата, примарен јагленохидрат во овошјето, спаѓа во простите шеќери, за разлика од сложените шеќери кои се наоѓаат во житарките и зеленчукот и кои се многу покорисни за нашиот организам.

За разлика од вегетаријанството, макробиотиката е инспирирана од источните учења и не влегува во проблемот околу одгледување на животните, туку се води сметка за зачувување и подобрување на здравјето. Во макробиотиката се води сметка за јин и јанг, за тоа како растат билките (под земјата, како на пример морковот – јанг, над земјата – јинг), многу вода во намирниците е јин, малку вода е јанг, гледаат да има рамнотежа помеѓу калиумот и натриумот и уште многу други нешта. Многу важни се житарките, посебно оризот, но не се води сметка за киселините и базите. Исто така ги одбегнуваат млекото и млечните производи, бидејќи според макробиотичката теорија тие ги блокираат функциите на органите. Врз основа на ова, стандардната макробиотичка исхрана се состои од 50% интегрални житарки, 25% сезонски зеленчук, 10% протеини, 5% алги, 5% супи или чорби и 5% овошје, јаткасти плодови и семки. Многу е важно сировото овошје и зеленчук да се јадат онакви какви што се во природата и тогаш кога им е сезоната. На пример, за време на есента и зимата може да се јаде тиква, а на пролет зелена салата и самоникнати билки.

Најважните области во макробиотиката е поделбата на пет елементи: оган, земја, метал, вода и дрво. Секој од овие елементи одговара на одредено годишно доба, со своите особини и изборот на храна.

МЕТАЛ: есен, од 21 септември до зимскиот солстициум, 21 декември

Со кратките есенски денови енергијата се смирува и се подготвува за зимско мирување. Лисјата опаѓаат и се намалува животната енергија. Бојата на металот е бела, вкусот е зачинет, а органите со кои е поврзана се белите дробови и дебелото црево. Храна која го јакне елементот метал е: ориз, карфиол, зелка, бел грав, банани, круши, харинга, мајчина душица и цимет.
ВОДА: зима, од 21 декември до пролетната рамноденица, 21 март

Зимата е време кога се се смирува и се повлекува животната енергија длабоко во земјата. Ова е време на обнова на енергијата која ќе експлодира на пролет. Бојата на овој елемент црната, вкусот е солен, а органите со кои е поврзан се бубрезите и мочното бабуле. Храна која го јакне елементот вода е: јачмен, цвекло, азуки грав, црвени алги, капини, боровници,кавијар, остриги, школки, костен, тамари, гомасио и солена зимница.

ДРВО: пролет, од 21 март до 21 јуни

Пролетта е време на експлозија на енергијата. Се буди целата природа, тоа е време на обнова. Бојата на овој елемент е зелената, вкусот е кисел, а оргабните кои се поврзани со него се жолчното ќесе и црниот дроб. Храна која го јакне елементот дрво е: пченица, брокула, магдонос, морков, цвекло, праз, тиквички, зелена леќа, мунго грав, лимета, лимон, вишњи и авокадо.

ОГАН: главен дел од летото, од летниот солстициум, 21 јуни, до средина на август

За време на летните месеци животот е во експанзија, храна има во изобилство. Боја на овој елемент е црвената, вкусот е горчлив, а органи со кои е поврзан се срцето и тенкото црево. Храна која го јакне елементот оган е: пченка, прокељ, бамји, црвена леќа, леблебија, јагоди, кајзии, цреши, јастог, ракови, кари и лути пиперки.

ЗЕМЈА: од средината на август до есенската рамноденица, 21 септември

Доцното лето е време кога експлозивната енергија се смирува. Храна има се уште во изобилство. Нејзина боја е жолтата, вкусот е благ, а од органите е поврзан со желудникот и слезината. Храна која го јакне елементот оган е: просо, тиква, векло, блитва, јаболки, смокви, лосос, бадеми, ореви, сусам и јаворов сируп.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина