Фитнес програмите не се секогаш добро прилагодени на поединците. Клучот е во пронаоѓање активност во која ќе уживате. Не се обидувајте да правите драстични промени. Обидете се со активности кои можат да се вклопат во вашиот животен стил.

 

Пешачење

Повеќето луѓе пешачи во некој дел од денот. Пешачењето е еден од најдобрите облици на вежбање, бидејќи е евтино и достапно на сите. Зголемувањето на времето на пешачење е полесно отколку што мислите.

Пешачењето го стимулира кардиоваскуларниот систем (срцето, белите дробови и циркулацијата). Тоа ја засилува издржливоста на мускулите во долниот дел од телото.

 

Трчање и џогиинг

 

Мора да бидете во сосема добра форма за трчање, бидејќи тоа е понапорно од пешачењето. Предностите се поголеми, но и ризиците во смисла на повреда. Шетајте неколку минути, а потоа трчајте уште неколку минути, менувајќи го темпото.

Менувајте ги рутите за трчање за да ви биде поинтересно. Немојте да се исцрпите на почетокот, бидејќи ќе ја загубите мотивацијата. Трчањeто го стимулира кардиоваскуларниот систем и ја зголемува издржливоста на телото.

 

Велосипедизам

 

Во повеќето случаи, автомобил ви треба на покуси релации, па можете да ги менувате со велосипед. Велосипедизмот, меѓутоа, вклучува повеќе вештини од пешачењето или трчањето. Мора да знаете дали велосипедизмот ви одговара пред да потрошите пари на опрема. Почнете полека и зголемувајте ја далечината на возење постапно. Како и кај џогингот и пешачењето, можете да возите во друштво со пријателите или семејството.

 

Пливање

 

Пливањето е третиот најпопуларен вид на вежба по пешачењето и трчањето. Со пливањето се активира целото тело и е одличен начин за да ја дефинирате линијата. Неколку должини во базенот вклучува поголем број групи на мускули. Исто така, помага да ослабнете доколку оддржувате континуиран ритам во текот на целата година.

 

Танцување

 

Танцувањето е занимација која станува се популарна кај сите возрасти. Танцувањето е интересен и креативен елемент за опуштање. Танцувањето е аеробна активност, која го подобрува балансот и координацијата. Одговара за сите возрасти.

 

Бадминтон

 

Од сите спортови со рекет, бадмингтонот е аеробна активност која го активира горниот и долниот дел од телото, развивајќи баланс, координација, издржливост, сила и рефлекси. Играта може да биде особено напорна, па затоа е потребно претходно загревање.

 

Тагови: Фитнес
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина