Постојат голем број рекреативци кои вежбаат или тренираат одреден спорт со цел да изгледаат или да се чувствуваат подобро, да имаат подобра издржливост, сила и кондиција. За да го постигнат тоа, важно е да одберат соодветни вежби, но треба истите тие вежби да знаат и правилно да ги изведуваат. Со едно одење во теретана може да се забележи дека многумина неправилно ги изведуваат вежбите и од таа причина не можат да постигнат добри резултати. Можеби од таа причина треба да се запрашате дали доволно добро го правите својот тренинг, без разлика на тоа дали се работи за трчање, кревање тегови или некој друг вид на тренинг. Имено, некои користат само еден вид на тренинг и исти реквизити, а телото се адаптира на тоа и затоа нема напредок. Ако постојано правите исти вежби, исти повторувања и користите исти реквизити, тренингот ќе нема никаков ефект, односно кажано поинаку, само беспотребно ќе губите време. Поради тоа погледнете ги следниве примери на вежби кои не се ефикасни.

Загревање на статичен велосипед

Секако дека можете да се загреете на него, но стручњаците по фитнес велат дека посоодветно е загревањето со експлозивно кревање на тегови. За што станува збор? Имено, загревањето треба да ги забрза отчкувањата на срцето за најмалку 60% до 65% во однос на максималниот број на отчукувања на срцето (целта е со загревањето да се постигнат помеѓу 100 или 120 отчукувања во минутаБПМ). Таквиот скок ја зголемува телесната температура и овозможува подобар ток на крвта и на хранливите материи во мускулите. Ако за време на загравањето не се зголемува бројот на срцевите отчукувања и ако не почнете да се потите, само го губите времето.

Подобра верзија на загревање:

Обидете се со 30 скокови, 30 чучнувања со тегови, 15 привлекувања на нозете во планк

Вежбање на справа за нозе

Недостатокот на справата на која се прават вежби за нозете со потисок во рамнина е во тоа што потисокот се прави само во еден правец, а не горе и долу, лево-десно, и напред-назад, како и што треба да биде кај интензивните вежби. Така работат мускулите активатори, но не и стабилизаторите, па затоа ќе можете само делумно да изградите мускули и да согорите калории.

Подобра вежба за нозете:

Чучнувањата се веројатно една од најдобрите вежби за нозете. Со нив не само што се развиваат нозете, туку и помагаат за да се развие целосна стабилност на трупот. Започенете со чучнувања со тегови, а подоцна префрлете се на чучнувања со дополнителна отпорност.

Вежбање рамења на Смит машина

Ова е една од неефикасните справи од иста причина како и со справата за нозете. Смит машината ви ја фиксира тежината, а вие само треба да ги туркате рацете и нозете доре и долу. Не мора ништо да правите за да ја задржите тежината стабилна, што значи дека помал број на мускули работат за време на секое повторување.

Подобра вежба за раце и рамења:

Можеби ќе треба да кревате малку поголема тежина, но подигањето тежина со сет од тегчиња со вклучување на рамењата ќе направи да работаат повеќе групи на мускули, и така подобро ќе ги обликувате рацете и рамењата.

Вежбање на справа за обликување на колковите и бутовите

Се работи за справа на која во седечка положба се спојуваат и раздвојуваат нозете. Бидејќи оваа вежба се прави во седечка положба, не можете да ја искористите својата способност за остварување на максимални резултати. Мускулите на глутеусите многу потешко во целост се активираат додека сте во седечка положба.

Подобро изведување на вежбата:

Обидете се да направите чучнување, исчекор, а ако стварно сакате да ги активирате и внатрешната и надворешната страна на бутовите, вклучете во вежбата и страничен исчекор.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина