Денеска ви претставуваме неколку вкусни и нискокалорични рецепти за слатки задоволства. Веројатно до сега не сте подготвиле вакви десерти, па секако препорачуваме да пробате. Сигурни сме дека ќе ви се допаднат!

Колаче Црн Штрумф – low carb

crn strumf

Потребни состојки:

35 гр whey protein со вкус на ванила или чоколадо

15 грама какао во прав

100 гр белки од јајца

10 гр мелени бадеми

2 лажички пире од јаболка

1 лажичка посно сирење

Начин на подготовка:

Измешајте ги во еден сад сите состојки (сад кој може да се користи во микробранова печка) освен 1 лажичка пире од јаболка и 1 лажичка посно сирење. Ставете ја смесата во микробранова печка на 800 W на 2 минути. Кога ќе заврши, со нож одвојте го колачот од рабовите на садот и свртете го садот наопаку врз една чинија. Ставете една лажичка пире од јаболка врз лажичката посно сирење врз колачот и наросете со цимет.

Нутритивни вредности на еден колач :

Енергетска вредност : 295 kcal
Протеини : 45 g
Масти : 8 g
Јаглехидрати : 10 g

Чоколадни срца

cokolada

Ова е еден едноставен рецепт за здрави и вкусни чоколадни колачиња подготвени од сурова храна.

 Потребни состојки:

– Половина чаша путер од какао

– Шолја од билката рогач/ какао (според желбата и вкусот, а може и половина / половина)

– 5 супени лажици мед

– Опционо : мелени јаткасти плодови / кокос / суво грозје / рендана кора од портокал или лимон / нане итн

Начин на подготовка:

Какао путерот стопете го во топла вода. Во блендер измешајте ги сите состојки и истурете ги во калапите во облик на срце. Оставете ги во фрижидер за да се стегнат и да добијат форма (секако внимавајте некој да не ги изеде однапред). Овој рецепт исто така може да го искористите и за чоколадните делови при подготовката на тортата.

Вистинските обожаватели на чоколадо велат дека чоколадото има посебен вкус кога се мати рачно. Пробајте го ова, па споделите го со нас.