Илјадници вкусови кажуваат се за храната и пијалоците, па така и за време на една обична настинка, кога е затнат носот, секоја храна делува безвкусно и имамо чувство како да јадеме хартија. Информациите кои се добиваат од сетилото за вкус – јазикот, одат до мозокот, па така вкусот се дели на пет основни категории: слатко, кисело, горчливо и луто.

Причини за метален вкус во устата

Постојат неколку можни нешта за вкус на метал во устата. Некои се посериозни од другите, но повеќето не се опасни. Но и двата вида не се опасни и многу едноставни и многу лесно се решаваат. На пример, заболување на усната шуплина, ушите или грлото или носот, расипани заби или заболување на непцата може да доведат до мал проток на крв во устата, а резултатот од тоа е вкус на метал.

Металниот вкус во устата е вообичаена нус-појава во лекувањрто на канцер и исто така се случува кај оние луѓе кои примаат терапија со антибиоици, лекови за лекување на висок крвен притисок, лекови против болки во зглобовите, лекови против алергии, лекови за глауком и стероиди. Понекогаш, метален вкус во устата создаваат одредени витамини и често се случува кај трудници и оние кои се склони на алергии. Непријатниот метален вкус се појавува повремено и кај дијабетичарите и оние кои боледуваат од болести на бубрезите.

Ако подолго време имате метален вкус во устата, најдобро ео да се посоветувате со вашиот доктор. Направете ги сите потребни анализи, па ако не се најде причината, посетете стоматолог.

Што може да направите дома?

Металниот вкус во устата е ретко сериозен и понекогаш настануваод необјасниви причини. Најчесто се појавува веднаш, а за да ја ублажите состојбата можете да пробате со: мастики за џвакање, течност за миење на устата, забен конец, миризливи растителни чаеви, да се пие повеќе вода и да се остави пушењето

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина