Лошата циркулација, особено сега кога ќе почнат жештините, е нешто што ги мачи милиони луѓе. Многумина го игнорираат тој проблем или туку – така го сфаќаат, а тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми, па дури и до смрт. Проблемите со циркулацијата предизвикуваат масни наслаги кои се трупаат на ѕидовите на артериите, што пак резултира со попречување на циркулацијата на крвта. Ако се започне на време, лошата циркулација може да се лекува и спречи со помош на промена на начинот на живот, лековите и, во сериозни случаи, со операција.

 

Некои од главните симптоми за лоша циркулација се трпнење на нозете, грчеви во нозете и стапалата, болки и отекување на нозете и стапалата. Доколку имате некој од наведените симптоми, веројатно имате проблеми со циркулацијата.

 

Постојат неколку методи кои можат да помогнат за подобрување на циркулацијата:

 

 

Станете активни

Ова е најефикасно. Едноставен начин за подобрување на циркулацијата е да бидете физички активни. Активности како што се одењето, пливањето, аеробикот и дури и прошетката ќе ви помогне да се реши овој проблем. Ако досега не се се движеле, започнете со куси прошетки, кои постепено ќе ги продолжувате и забрзувате, за да ја раздвижите крвта во телото.

 

Хранете се поздраво

Сите знаеме што значи да се храните здраво. Повеќе помали оброци, повеќе зеленчук, исфрлете го фаст фудот и намалете го консумирањето на маснотии. Помалку маснотии во крвта значи и помалку насобирање на ѕидовите на крвните артерии и полесен проток на крвта. Зголемувањето на консумирањето на влакна ќе помогне да се елиминираат мастите од организмот и ќе помогне да се подобри циркулацијата.

 

Престанете да пушите

За пушењето се знае дека го поттикнува натрупувањето на холестеролот во крвниот систем, но и дека го оштетува внатрешниот слој на артериите – ендотелот, чија функција е стегање и опуштање со цел регулирање на протокот на крв. Ако сакате да ја подобрите циркулацијата, дефинитивно мора да престанете со пушењето.

 

Намалете го стресот

Кога тлото ви е изложено на стресни ситуаци, тоа го намалува протокот на крв низ екстремитетите за да се обезбеди крв за главните органи. Ова значи дека тоа ќе влијае на циркулацијата во рацете и нозете. Некои од начините за борба против стресот се медитацијата, техники за длабоко дишење. Барем еден час дневно посветен за опуштање.

 

 

Кренете ги нозете

Ако поради слабата циркулација ви отекуваат стапалата и нозете, обидете се да ја смените положбата во која ги држите нозете. Во лежечка положба нозете подигнете ги на перница. И во седечка положба обидете се да ги менувате положбите на нозете. Не седете предолго. Обидете се барем на секој половина час малку да ги протегнувате нозете.

 

Наизменично туширање со топла и студена вода

Туширањето со наизменична топла и студена вода ќе помогне за подобрување на циркулацијата, но и за имунитетот. Туширајте се цели или само нозете, наизменично со топла и студена вода во три циклуси.

 

Растителни додатоци

Во сите аптеки постојат природни растителни додатоци во исхраната кои ја подобруваат циркулацијата. Било во облик на чај, растителни капки или таблети, додадете ги во исхраната. Корисни растенија се: рузмарин, коприва, имела и гинко билоба.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина