Секој кој страда од несоница знае колку “броењето овци до зориможе да влијае на квалитетот на животот. Испробајте ги техниките на старите Кинези – докажано се ефикасни

1. Легнете на грб со свиткани колена, а со дланките привлечете ги колената кон градите и дишете нормално. Задржете се во оваа положба една минута, потоа опуштете се, исправете ги нозете и ставете ги рацете на страна.

2. Легнете на стомак, рацете поставете ги под центарот на телото. Вдишете длабоко, па полека испуштајте го воздухот од белите дробови и замислувајте како сето она негативно што сте искусиле тој ден го напушта вашето тело.

3. Легнете на грб, а дланките стегнете ги во тупаница и ставете ги кон лопатките. Вдишете три пати, а потоа спуштете ги тупаницие малку пониско и повторно вдишете и издишете, поместувајќи ги надолу после секое трето вдишување, се додека тупаниците не дојдат во висина на половината. Спуштете ги рацете на седалниот дел и вдишете уште пет пати.

4. Легнете на грб, вдишете и истегнете ги двете раце над главата. Додека го исфрлате воздухот од белите дробови, спуштете ги рацете и масирајте го телото од градите кон стомакот. Ставете ги рацете покрај телото и замижете.

5. Свртете се на десна страна и заземете положба за спиење. Свиткајте ја десната рака во лактот, а дланкатат ставете ја пред лицето. Ставете ја левата рака со лактот на колкот, испружете ја десната нога, а левата нога свиткајте ја во коленото. Затворете ги очите, опуштете се и заспијте.

Тагови: несоница
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина