Човекот е она што мисли дека е во текот на целиот ден”, напишал амаериканскиот есеист и поет Еалф Валдо Емерсон. Ова е само една од безбројните изреки за моќта и силата на нашите мисли. Една студија од 1987 година потвдила дека ракот на дојката се шири побрзо кај оние жени кои чувствуваат изразита безнадежност и фрустрација во животот, страв или други негативни емоции.

Ако се смеете и се смешкате, вие чудесно делувате на своето здравје преку низата од физички и ментални чинители. Не е само чувството на радост кое придонесува за здравјето, туку тоа е директното влијание на смеењето врз телото.

Примери:

  • додека се смеете, ги активирате и ги јакнете стомачните мускули и дијафрагмата

  • движењето на стомакот го продлабочува вашето дишење, а тоа го засилува дотокот на кислород во телото и ја подобрува циркулацијата

  • смеењето ги проширува крвните жили, што го забрзува заразнувањето на ткивата

  • кога се смееме, се стимулира производството на ендорфин (природно телесно средство против болки), а тоа создава чувство на восхит
  • кога се смеете, му помагате на совјот лимфен систем да се ослободи од отпадните материи, се трошат мастите и се опуштаат мускулите

Еве кои се болки се директно поврзани со емоционалните состојби. Проучите ги и имајте на ум дека можете да ги промените своите мисли и да се ослободите од непотребните болки.

Главоболки

Главоболките може да бидат предизвикани од секојдневен стрес. Земете си малку време за опуштање и ублажете го стресот.

Болки во вратот

Ако чувствувате болки во вратот, веројатно имате проблеми со простување на себеси или на другите. Земете го го предвид сето она кое го сакате кај луѓето.

Болки во рамењата

Болките во рамењата можат да значат дека носите некаков тежок емоционален товар. Фокусирајте се на решавање на проблемите.

Болки во горниот дел од грбот

Болките во горниот дел од грбот значат дека немате доволно емоционална поддршка. Можеби се чувствувате несакано и непосакувано.

Болки во долниот дел од грбот

Овие болки може да значат дека сте премногу загрижени за пари.

Болки во лактите

Болките во лактите ни кажуваат дека им се спротивставуваме на промените во животот. Направете некои компромиси.

Болки во рацете

Овие болки значат дека сметате оти не можете да допрете до другите на начин на кој би требало. Размислете за нови пријатели, ручек со соработниците и создавање нови врски.

Болки во рбетот

Овие болки значат дека сте премногу исплашени да продолжите понатами. Бидете внимателни при донесувањето на одлуките.

Болки во колената

Болките во колената можат да бидат знак дека егото ви е преголемо и дека самите сте си се ставиле малку превисоко. Понижете се.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина