Долго време се сметало дека слепото црево е сосема бескорисно и тоа е еден од органите кои хирурзите најчесто ги острануваат од организмот поради тоа што може да дојде до негово воспаление и пукање и други опасни здравствени состојби. Меѓутоа, најновите истражувања покажале дека слепото црево кое функционира сосема нормално всушност е клучен резервоар за складирање на ,,добри,, бактерии во желудникот.

Научниците откриле дека слепото црево еволуирало така што создава се повеќе лимфатичко ткиво, кое е идеално за стимулирање на многу корисни бактерии. Експертите исто така предупредуваат дека ова откритие има многу поголемо значење отколку што би помислиле, бидејќи многу малку знаеме за тоа како овие бактерии влијаат на нашето здравје. Досега не беше познато зошто луѓето имаат слепо црево, а сепак како еволуираме тоа продолжува да се адаптира и останува недопрено. За подобро да ја истражат нивната цел, истражувачите од Униврзитетот во Аризона ја следеле еволуцијата на 553 цицачи со слепо црево. Изненадувачки, тоа не исчезнало од ниту една линија, покажувајќи да сепак има одредена цел. Но тоа не е се, истражувачите откриле дека животинските видови со слепо црево имаат поголема концентрација лимфатичко ткиво, кое е клучно за нашиот имунолошки систем.

 

 

Тагови: слепо црево
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина