Следниве вежби ќе ви помогнат да ги обликувате сите овие критични делови од телото и да добиете одлична фигура за многу кратко време.

 

ПРВ ДЕН

 

 

Потпрени сме на лактите напред, грбот е исправен, погледот напред, едната нога свиткана е во коленото, а другате е исправена и сосема затегната. И прстите се затегнати. Исправената нога оди од подот силно нагоре максимално до каде што може. Притоа треба да се води сметка грбот да не се поместува и се фокусирате само на задната ложа, таа да работи. Издишувате кога ногата е горе. Направете 5 серии со по 8 повторувања. Потоа задржете ја ногата во горната положба и пуслирајте нагоре со кратки движења колку што можете максимално да издржите.

ВТОР ДЕН

 

 

 

Истата положба е со лактите како во претходната вежба, со таа разлика што сега ногата е свиткана во коленото, а прстите ви се свиткани кон себе. Со петата туркајте нагоре колку што можете повеќе, па вратете ја ногата  долу и отворете го коленото во страна. Направете 5 серии со по 8 повторувања, и на крај задржете го коленото во страна и пулсирајте со кратки движења нагоре две осумки.

ТРЕТ ДЕН

 

 

 

Застанете колку што можете во расчекорен став, прстите нека ви се отворени кон надвор. Во првиот дел од вежбата правите сумо движења колку што можете подлабоко. Потоа ротирајте во една страна во положба на исчекор, па вратете се пак во сумо чучнување, па на другата страна направете исчекор. Трудете се секоја положба да ја направите колку што може поправилно за да биде целосен ефектот. Повторете ја целата вежба во 5 серии и со по 8 повторувања.
 

ЧЕТВРТИ ДЕН

 

 

 

 

За оваа веќба ќе ви треба лента како реквизит, а може и беа неа само со тегови за нозете. Внимавајте грбот да ви биде цело време прав, а погледот насочен кон напред. Никако не смее да се поместува грбот ри изведување на оваа вежба. Лентата развлечете ја преку стапалото од едната нога и со рацете замотувате колку сакате во зависност од тоа колаво оптоварувар ви е потребно. Лесно со петата туркајте назад и развлекувајте ја лентата, водејќи притоа сметка ногата да ви оди право назад. На секоја нога направете 5 серии од по 8 повторувања.

ПЕТТИ ДЕН

 

 

Се потпирате на дланката од едната рака и на коленото. Треба притоа да бидете целосно исправени. Ногата е затегната и прстите се затегнати кон вас. Во првиот дел ногата од подот ја креваме нагоре, внимавајќи притоа да не ги движиме колковите. Направете 2 серии од по 8 повторувања. Во гормата положба задржете ја ногата и со куси движења пулсирајте нагоре две осумки, потоа кружете со ногата во една страна осум пати и исто така осум пати на другата страна. Сето ова повторете го со другата нога.

ШЕСТТИ ДЕН

 

 

Застанете право и потпирајте се на едната нога, која е малку свиткана во коленото и на неа е потпирањето. Другата нога ја кревате од подот, притоа внимавајќи коленото да ви биде затегнато и да не се кривите, цело време треба да бидете исправени. Повторете ја вежбава во 5 серии од по 8 повторувања.

СЕДМИ ДЕН

 

 

Во почетната положба потпрени сте на рацете. Коленото од едната нога го движите кон градите и ги спуштате колковите, па потоа со истата нога одите нагоре и ја исправате. На секоја нога направете 5 серии со по 8 повторувања.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина