За жал, на некои природата на работата им налага целодневно зјапање во екранот и тие баш немаат многу избор. Не треба ни да се спомнува колкав напор оваа пракса претставува за вашите очи. Ова се само некои мали вежби, кои многу значат. Давајте им ги често на очите многу почесто. Колку повеќе, толку подобро.

 

Гледање во темнина

 

Налактете се на маса и загледајте се во темна површина. Ако е ноќ, едноставно неколку минути гледајте низ прозорец. Ако е ден, ќе помогне и затворањето очи на неколку минути.

 

Гледање лево – десно

 

Станете или седнете исправено. Загледајте се пред себе и без да ја движите главата насочете го погледот прво во лево, а потоа во десно. Повторете го тоа пет пати во три серии.

 

Гледање горе – долу

 

Истото нешто како и во претходната вежба, само што овој пат насочете го погледот кон горе. Набрчкајте го челото или спуштете ја брадата за да извлечете максимум од оваа вежба. И неа изведувајте ја во три серии по пет пати.

 

Дијагонално движење на очите

 

Гледајте право пред себе. Потоа долу, па кон лево. Потоа движете ги очите дијагонално и погледнете горе и кон десно. Фокусирајте се на она што го гледате. Повторете ја вежбата пет пати, a потоа погледнете право и направете го истиот циклус во друга насока. Се повторете по три пати.

 

Вртење со очите

 

Седнете право и опуштете се. Гледајте во лево и полека вртете со очите во круг во насока на стрелките на часовникот. Направете така пет пати, а потоа пет пати во насока спротивна од стрелките на часовникот. Повторете го циклусот три пати.

 

Фокусирање во далечина/близина

 

Насочете ги очите кон молив или кој било друг предмет во близина. Треба да биде оддалечен 20 – 30 см од вашите очи. Потоа погледнете кон нешто оддалечено. Фокусирајте се на тоа и обидете се детално да го видите. Потоа пак погледнете во моливот. Променете го фокусот пет пати. Повторете го овој циклус три пати.

 

Концентрација (прва вежба)

 

Седете исправено и погледнете рамно напред. Фокусирајте се на точката помеѓу веѓите. Концентрирајте се на она што го гледате неколку секудни. Потоа пак погледнете напред. Променете го овој фокус пет пати. Повторете го циклусот три пати.

 

Концентрација (втора вежба)

 

Погледнете напред пред себе. Насочете го погледот кон врвот на носот неколку секунди. Потоа пак погледнете напред. Променете го овој фокус пет пати. Повторете го целиот циклус три пати.

 

Масажа (прва вежба)

 

Затворете ги очите. Потоа цврсто стиснете ги две – три секунди. Опуштете ги мускулите околу очите. Повторно затворете ги очите.Повторете десет пати.

 

Масажа (втора вежба)

 

Затворете ги очите. Нежно масирајте ги капаците со кружни движења. Лесно притиснете, не претерувајте. Направете десет кружни движења, најпрво во насока на стрелките на часовникот, а потоа обратно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина