kremi-za-soncanje_1
1) Кремата ја нанесувате дури откако ќе излезете надвор

Многу луѓе дури откако ќе излезат надвор или откако ќе дојдат на плажа нанесуваат креми за сонце. Кремата би требало да ја втриете 30 минути пред да се изложите на сончева светлина. На тој начин кожата ќе ја впие кремата и ќе бидете безбедни од ултравилетовото зрачење во првите неколку минути од изложеноста, кога вашата кожа е многу ранлива.

2) Кремата ја нанесувате околу облеката

Ракот на кожа би можел да се појави било каде, па најдобро би било кремата да ја нанесете кога ќе бидете голи. Соблечете се пред огледало во кое се огледува целото ваше тело и намачкајте се пред огледалото за да не пропуштите ниедна точка.

3) Не ги заштитувате усните

Како и остатокот од кожата, и усните се чувствителни на ултравиолетовото зрачење, па затоа е важно и нив да ги заштитите.  Но, немојте да ја употребувате истата крема како и за остатокот од телото. Прво, затоа што е со неубав вкус, а второ затоа што нема долго да остане на устата.  Користете балсам за усни со заштитен фактор и нанесувајте го кога и да е потребно, дури и почесто отколку кремата за сончање.

4) Пропуштате некои клучни точки

Луѓето најчесто забораваат да ги заштитат ножните прсти и стопала, вклучувајќи ги и табаните, потоа пазувите, задниот дел на вратот до почетокот на косата, ушите (особено врвовите), капаците и горниот внатрешен дел од раката. Не заборавајте да ги покриете и овие области.

5) Најголемиот дел од кремата ја измивате со капење или преку потење

Мал број креми за сончање се водоотпорни. На лето многу се потиме и често по ставањето на кремата одиме во базен. Купете некоја водоотпорна крема која нема да исчезне после првиот допир со водата.

krema-za-soncanje_2

 

6) Ја користите истата крема за лицето и за телото

Постои разлика помеѓу кремите за сончање за лицето и телото – тоа не е само измислица на производителите на производи за сончање. Кремите за лице се поблаги, предизвикуваат помалку иритации и не влијаат на создавање на акни. Немојте кремата за тело да ја ставате и на лицето, туку набавете соодветна крема за чувствителната кожа на лицето.

7) Ја користите само кога е убаво времето

Можеби ви звучи смешно кога ќе ви кажат дури и за време на облачните денови ставате крема за сончање, но вистината е дека на ултравиолетово зрачење можете да бидете изложени дури и кога не гледате сонце. Осумдесет отсто од ултравиолетовото зрачење продира и низ облаците, па затоа не треба да бидете незаштитени за време на овие денови.

8) Не користите доволна количина на крема

Не штедете на крема, бидејќи ниту ултравиолетовите зраци нема да ве поштедат . Добро втријте ја, дури и ако на производот пишува само да ја намачкате без да ја втриете.

9) Мислите дека сте сигурни дома

Сигурни сте само доколку куќата и автомобилот немаат прозори. Затемнетите прозорци ги блокираат сончевите зраци, но не и ултравиолетовото зрачење. Значи, нема исклучоци кога се работи за нанесување на крема за сончање.

10) Користите крема со низок заштитен фактор

Да, маслата за самопотемнување со 8 заштитен фактор технички и се средства за сончање, но тоа не е доволна заштита.  Фондацијата за рак на кожа препорачува заштитен фактор 15. Но, треба ли да користите посилен фактор од овој ? Тоа би било фрлање на пари. Кремите со заштитен фактор 30 ги блокираат само 97 отсто од сончевите зраци , додека оние со заштитен фактор 50 блокираат само еден процент повеќе.

11) Не ја нанесувате доволно често

Не е доволно само еднаш во текот на денот да ставите крема за сончање. Многу е важно да ја ставате често. Доколку сте надвор, нанесувајте ја повторно на секои 80 минути, дури и ако е водоотпорна.

12) Не ја нанесувате доколку сте под сенка

Доколку сте на плажа под чадор за сончање, сепак не сте заштитени. Песокот и водата гои рефлектираат штетните зраци, а дури 34 отсто од ултравиолетовите зраци продираат низ чадорот за сончање. Затоа, треба да се заштитите дури и доколку сте во сенка.