Состојки:
– 1 лажица масло
– 400 гр. шампињони
– 1/2 лажичка сол
– 1 лажица путер
– 2 шолји (2 дл.) сецкан кромид
– 4 чешниња лук
– 1/2 шолја овесни снегулки
– 1 кесичка пармезан
– ½ шолја лебни трошки
– 1/2 шолја ситно исецкан магдонос
– 2 јајца
малку црн пипер
– ½ лажичка црвен пипер
оригано според вкус
вода по потреба
за сос
– 5 дл. сос од домати
– 2 дл. црно вино

– 1/2 лажичка рузмарин
– 1/2 лажичка лук во прав
сол и бибер по вкус
4 поголеми компири

Подготовка:
Кромидот исечкајте го ситно и на кратко пропржете го во тава на загреано масло. Додајдете му ги шампињоните и путерот. Посолете и ставете црн пипер по вкус, па динстајте додека не испари течноста. Оставете да се олади, па потоа додадете ги исечканиот лук, пармезанот, црвениот пипер и ориганото.

Смесата префрлете ја во подлабок сад. Додадете ги овесните снегулки, лебните трошки и и магдоност и се убаво измешајте. На крај додадете ги јајцата и водата (ако смесата е премногу густа). Вака подготвената смеса ставете ја во фрижидер да отстои еден до два часа. Потоа, со рака земајте од смесата и формирајте топчиња со средна големина. Валкајте ги во лебни трошки и редете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Печете ги на температура од 330 целзиусови степени околу 1 минути. За тоа време сварете ги компирите и подгответе пире.

Во помало тенџере ставете го виното заедно со сосот од домати и оставете ги да провријат. Потоа додајте го рузмаринот и лукот во прав. Ставете сол и црн пипер по вкус. Со овој сос прелијте ги испечените топчиња. Послужете ги со пирето и салата по желба.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина