Вегетаријанска сарма
Состојки:
- 250 гр. ориз
- 50 гр. соини трошки или иситнет сејтан
- 3 лажички сол
- 1/2 лажички сушен босилок
- 1 лажичка куркума (или мешавина зачини за кари)
- 1 морков
- 16 листови од кисела зелка
- 3 лажички црвен пипер
- 200 мл. доматен сос
- прстофат ким
- 1/2 лажичка куркума
- прстофат црн пипер или чили во прав
- ливчиња магдонос за декорација
- 2 литри вода
- 2 лажици масло за пржење
Подготовка:
Во голем сад измешајте ги оризот со трошките од соја, ситно исецканиот морков и зачините (црвен пипер, куркума или мешавина за кари, сол, црн пипер и босилок).
Подгответе ги листовите од кисела зелка. Завиткајте ги сармите.
На загреано масло пропржете го кимот додека не почне да испушта интензивен вкус и не потемни. Додадете го доматниот сос. Измешајте и додадете по малку од куркумата, црвениот пипер и сол и по желба црн пипер или чили. Наредете ги сармите во тенџере и налијте ја водата. Варете на умерена температура 45 минути. Послужете ги со насецкани листови магдонос.