Научниците од Харвард, кои истражувале дали е подобро печашењето или јогата, велат: „Во споредба со традиционалните аеробни вежби, не постои позначајна разлика во начинот на кој вежбањето или јогата ги менуваат факторите на ризик од некоја болест. Јогата може да ги даде истите бенефити по здравјето и да ги намали факторите на ризик за болест како и традиционалните активности, како што се возењето велосипед или брзото одење.
Ова е добра вест, не само за оние кои повеќе ја сакаат јогата, туку и за оние кои, поради здравјето или годините, не можат да ги издржат интензивните аеробни тренинзи.
Истражувачите од Харвард анализирале 32 истражувања кои се занимавале со ефектите на кардиоваскуларното здравје и на поенергичните видови јога, како што се винјаса и бикрам јогата, и помирните видови јога, како што се хата и ајенгар јогата. Сите видови јога на сличен начин се полезни за здравјето на срцето. Некои истражувања заклучиле дури и дека јогата има попозитивно влијание врз благосостојбата на кардиоваскуларниот систем од одредени лекови.

Иако научниците не се занимавале со прецизните биолошки механизми кои ги произведува јогата, тие сметаат дека доведувањето во хармонија и поврзувањето на телото со умот веројатно има главна улога при корисните ефекти на когата врз здравјето. Исто така, кај сите видови јоги важно е свесното дишење и медитацијата, што може да доведе до намалување на стресот и воспаленијата, двата главни фактори за ризик од срцеви и хронични болести.
Сите знаеме дека редовното вежбање е добро за нашето тело, ум и душа. Но, кој е најдобриот начин на вежбање? Медицинските стручњаци велат дека идеален е урамнотежениот пристап, кој вклучува и кардиоваскуларни вежби и вежби за истегнување.

Тагови: јогаодење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина