Црниот дроб е најголемата жлезда во човековиот организам, во која се наоѓаат околу 300 милијарди клетки ткивохепатоцити, кои извршуваат повеќе од 500 различни физиолошки функции неопходни за оддржување на животот. Постојат повеќе показатели дека црниот дроб не функционира онака како што треба, а ова се некои од најважните.

Болки во стомакот болка од десната страна под ребрата е еден од знаците за болен црн дроб. Црниот дроб опфаќа поголем дел од стомачната шуплина, а нејзинит масен крај се наоѓа од десната страна и ако е оштетен или воспален се јавува болка.

Жолти очи или кожа (жолтица) кога телото ги разградува старите крвни клетки, расте билирубинот во крвта. И, додека здравиот црн дроб нема проблеми со складирање на билирубинот, болниот црн дроб остава тој да се насобира во крвта, а резултатот од тоа се жолти белки или кожа (жолтица). Темната боја на урината и светлата боја на столицата исто така се знаци за жолтица.

Болка во зглобовите мачнина, повраќање, замор и губење на апетитот се меѓусебно поврзани симптоми за болен црн дроб посебно за автоимун хепатитис. Автоимун хепатитис е состојба во која имунолошкиот систем погрешно ги напаѓа клетките и ткивата на црниот дроб и тој е почест кај жените отколку кај мажите.

Дамки на кожата ако црниот дроб не ја чисти правилно крвта, доаѓа до проблеми со згрутчување на крвта во близина на површинскиот слој на кожата.

Збунетост ако е болен црниот дроб, до крвта и мозокот може да се создаде премногу бакар, што може да довде до нарушувања слични на Алцхајмеровата болест. Овој симптом е поврзан со напредната фаза на болест на црниот дроб, што значи дека тоа веројатно нема да биде прв (или единствен) симптом, ако црниот дроб не работи како што треба.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина