Подлога:
  • 1 и 3/4 чаши бисквит со зачини умбир, цимет) – претходно сомелен
  • 2  лажици кафеав шеќер
  • 4 лажици масло од репка

(сите состојки добро се замесуваат со раце)

 

Фил:
  • 1/2 чаша цели непржени индиски ореви, кои претходно се киснати во вода 2 – 8 часа или додека не омекнат
  • 1 конзерва неоладенo кокосово млеко (приближно 380 мл.)
  • 1/2 чаша бадемово или друго растително млеко
  • 2/3 чаши шеќер
  • 3 лажици кокосово масло
  • 1/2 чаши свеж лимонов сок
  • 2 лажици рендана кора од еден лимон
  • 2 лажички екстракт од ванила

 

Прелив:
  • 3/4 чаши вода
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 1/3 чаши свеж лимонов сок
  • 1/3 чаши шеќер
  • 1/16 лажички куркума
  • 2 лажички нарендана кора од лимон

 

Подготовка:

Загтејте ја рерната на 180°C. Втиснете ја добро подлогата во калап за торти (големина приближно 20 см). Печете ја 10 минути на 180°C, а потоа извадете ја и оставете ја да се олади.

Оревчињата извадете ги од водата и ставете ги во миксер. Миксајте ги со кокосовото млеко додека не се добие хомогена смеса. Во меѓувреме, во еден помал сад измешајте го бадемовото млеко и шеќерот. Почекајте да почне да врие и мешајте рамномерно. Потоа кога ќе зоврие, намалете го огнот. Варете околу 5 минути, па додајте го кокосовото млеко и мешајт се додека тоа не се растопи убаво во мешавината. Вклучете го миксерот и матете додека состојките не се соединат убаво. На крај додајте ги лимоновиот сок, ренданата кора и екстрактот од ванила и продолжете да ги мешате. Вака добиената смеса излијте ја врз подлогата и ставете ја да се лади во фрижидер околу 4 часа. По поминатите 4 часа, излијте го преливот кој сте го подготвиле така што сите состојки се варат, се намалува температурата и се варат уште 5 минути. Вака добиениот прелив се истура врз кремот и пак се враќа во фрижидер на еден час за да се стегне.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина