Набљудувајќи ги луѓето кои се на диета и анализирајќи го она што им е најтешко, доктор Оз осмислил план кој нема ,,да ве убие во поим,,, туку ќе ви го даде она по кое постојано копнеете – слободен ден за уживање во вкусовите кои ви недостасуваат. Основните поставки на оваа диета се едноставни. Откако ќе го започнете секој ден со чаша млака вода со лимон, ќе имате избор да одберете меѓу неколку варијанти на појадок и сами да си ги испланирате останатите оброци според листата на доктор Оз за дозволени намирници. Доктор Оз препорачува прво да направите неделен распоред. На него означете го прво слободниот ден, за да се мотивирате дополнително. Потоа испланирајте ги оброците за останатите денови, според неговите упатства.

Како што веќе споменавме, секој ден треба да се започне со една чаша млака вода со лимон, со цел да се придвижи заспаниот метаболизам. Додека ја пиете, размислувајте дали сте расположени за појадок кој се јаде или се пие. Ако сте гладни, можете да изедете едно јајце со два децилитри јогурт и еден оброк овошје. Втората можност е да испиете едно смути. Ако сте за него, во блендер измиксајте една лажица путер од бадеми, половина банана, половина децилитар јогурт со 2% масленост, лажичка ленено семе и малку лед, за да се разреди смутито. Наместо грицки, дневно земајте по два оброка со мононезаситени масни киселини, а нив ги има во авокадото, оревите, семките, маслата и во темната чоколада.

За ручек и вечера ќе мора да ги поделите двата оброка по желба – 200 гр. немасни протеини и 2 порции сложени јагленохидрати. Поради своите посложени молекуларни структури, тие подолго се разградуваат и полека влегуваат во крвотокот, па така побавно го креваат нивото на шеќер во крвта и лачењето на инсулинот и со тоа подолго обезбедуваат енергија. Освен тоа, во текот на целиот ден можете неограничено со секој оброк да јадете зеленчук без скроб. Штом еднаш ќе научите кои протеини, јагленохидрати, зеленчук и овошје и други намирници се добри за вас, сето друго ќе биде препуштено на вашата фантазија. Важно е само да се придржувате до одредените количини.

Протеини: пилешко, риба, јајца, морски плодови, тофу, леќа, мешунки

Јагленохидрати: леќа, грав, леблебија (1/2 филџан дневно), целер или тиква (1 филџн дневно), грашок, пченка, моркови (половина филџан дневно), житарки од цело зрно, зоб, кафеав ориз (варен, 1/2 филџан дневно), леб од цело зрно житарки (едно парче на ден)

Зеленчук: шпаргла, цвекло, брокула, зелка, карфиол, краставици, домати, кељ, блитва, ендивија, зелена салата, спанаќ, рукола, репка, печурки, бамји, лук, праз, кромид, пиперки, ротквици, грашок, тиквички

Здрави грицки: бадеми, бразилски орев, индиски орев, лешници, макадамија ореви, ореви (30 грама), путер: бадемов, путер од кикирики или од индиски ореви (2 лажици), маслинки (10 големи), семки од сончоглед или од тиква (1/4 филџан)

Предлози за оброци

Појадок: Јајце на око. Послужете го со пиперка пропржена на една лажица маслиново масло. Кога ќе се пропржи, додадете и две филџанчиња варен спанаќ и малу сол. Динстајте 2 минути. Со ова послужете јогурт.

Ручек или вечера: Зеленчуков хамбургер направете две кофтиња од препорачаниот зеленчук. Од два домати направете сос и формирајте го хамбургерот – ќофте, врз него еден круг домат и одозгора сос од домати.

Похувано пилешко Во блендер измиксајте половина филџан житарки од цело зрно, додајте им сол и црн пипер. Двестотини грама пилешки гради исечете ги на ленти и макајте ги во белка, во мешавината од сомелени житарки и редете ги во тава во која претходно имате ставено хартија за печење. Печете ги по 6 минути од секоја страна. Со пилешкото послужете зелена салата и краставица зачинети со маслиново масло.

Без претерувања во слободниот ден

Иако е слободен ден и можете да ја јадете храната која ја сакате, сепак немојте да претерувате. Изедете само онолку колку што ви е доволно, бидејќи смислата на овој ден не е да се прејадете, туку да си го подигнете расположението. Доктор Оз советува да користите најмногу две лажици здраво масло дневно: маслиново масло, масло од семки од грозје или канола. Оцетот е дозволен во неограничени количини, исто како и растителните зачини.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина