Германиум – елемент кој недостасува
Ако се уште не сте дознале за германиумот, сигурно набрзо ќе слушнете за овој чудо – елемент. Се смета дека дека германиумот е пробив во светот на современиот нутризионизам. Овој извонреден елемент има својства на антиоксиданс, катализатор на кислородот, електро стимуланс и имуно – стимуланс.
Истражувањето на германиумот започнало уште пред 30 години. Од тогаш интересот на народот за овој елемент постојано расте. Потврдено е дека германиумот игра важна улога за здравјето на човекот. Многу истражувања покажуваат дека германиумот помага за намалување на крвниот притисок и холестеролот, штити од слободни радикали, ја намалува болката, ги ублажува симптомите на ревматскиот сртритис и општата здравствена состојба на организмот. Се претпоставува дека германиумот исто така делува на многу вируси и бактерии.
Се спроведуваат истражувања на германиумот како на потенцијално оружје против сида и ракот. Студиите покажуваат дека тој ја стимулира работата на имунолошкиот систем кај пациенти болни од рак, како и кај здравите луѓе. Јапонските и американските научници сведочат за тоа дека германиумот го активира заштитниот механизам на телото.
Недостиг на германиум во телото
Германиумот, елемент кој досега не се наоѓаше на списокот на минерали и витамини, е неопходен за нашето тело, бидејќи е толку многу важен. Неговиот недостиг може да биде кобен за нашето здравје и истиот се поврзува со многу болести, како на пример:
-
артритис
-
астма
-
рак
-
срцеви болести
-
дијабетес
-
висок крвен притисок
-
леукемија
-
хроничен замор
-
невралгија
-
остеопороза
- слаб имунитет
Природни извори на германиум
Јапонскиот научник доктор Казухико Асаи, кој прв го изумил органскиот спој на германиум (Ge-132), бил изненаден кога открил дека јагленот содржи големи количини германиум. Бидејќи јагленот настанува со распаѓање и компакција на растителните материи, Асаи претпоставил дека германиумот се наоѓа во некои видови растенија.
Неговата претпоставка се потврдила. Големи количини германиум има во растенијата кои веќе одамна се познати по нивните лековити својства – гинсенгот, алое верото, шитаке печурките, лукот и гавезот. Печурката „shelf fungus“, која во Русија се користи веќе долга низа години за лекување на рак, во себе содржела најголема количина на германиум. Анализирајќи ја светата вода од Лурд (Франција), Асаи открил дека и таа исто така содржи значајна количина на германиум.
Германиумот исто така го има и во зеленчукот, семките, житарките од цело зрно и млечните производи, но неговата количина во нив е толку незначителна, што нема терапевтски ефект.
Со зголемување на интересот за германиумот на пазарот се појавија многу поризводи. Но, како и секогаш, мора да бидете внимателни, бидејќи само органскиот облик на германиум (Германиум –132), кој е познат и уште како germanium sesquioxide, е полезен за здравјето. Германиум диоксидот е токсичен и може да биде токсичен за здравјето.
Органскиот германиум може да помогне во лекувањето на:
-
ревматски артритис и ревматизам
- рак на дебелото црево, простатата, белите дробови, јајчниците, матката (само како дел од терапијата)
-
леукемија
-
астма
-
дијабетес
-
остеопороза
-
депресија
-
шизофренија
-
гастритис и чиреви
-
настинки
-
алергии
- срцеви болести – ангина пекторис, хипертензија, артериосклероза
-
Паркинсонова болест
-
церебрална склероза
- кожни заболувања – егземи, мозолки, херпес
-
епилепсија
- очни болести (глауком, катаракта, воспаление на рожницата и др.)