Веган торта од моркови и портокали
Состојки:
За тесто
- 2 филџани брашно
- 1,5 филџани рендани моркови
- 1 портокал
- 7 лажици шеќер
- половина филџан масло
- 1 прашак за печиво
- грст мелени ореви (или било кое јаткасто овошје)
За прелив
- 2 лажици какао
- малку масло
- малку млеко од соја
- лажици шеќер
Подготовка:
- Морковите се рендаат многу ситно. Им се додава рендана кора од портокал. Се цеди сокот од портокалот и се меша со маслото и шеќерот.
- Посебно, во друг сад се мешаат брашното, прашокот за печиво (половина кесичка), циметот и мелените ореви. Ваквата семса се додава кај сокот од портокал и се додава морковот. По потреба, се додава малку млеко од соја. Оваа смеса се става во рерна на 180 степени целзиусови и се пече 40 минути.
- За преливот, се мешаат сите состојки и се ставаат на максимална температура на оган. Се мешаат 2-3 минути додека да се згуснат и се прелеваат врз испечената торта.