Ајде на пиво – е честа реченица која се сретнува во разговорите меѓу пријателите, сеедно дали се работи за машки или женски . Меѓутоа, умереноста е клучна во консумацијата на овој напиток, особено бидејќи се работи за алкохолен пијалок . Кога е во прашање пивото, најдобар резултат се постигнува доколку се пие една кригла од половина литар дневно. Во прилог ви претставуваме неколку предности на пивото, заради кои веруваме ќе ви падне криво доколку случајно не го сакате овој јачменов пијалок.

pivo naslovna

 

1.Ги зајакнува коскитепивото содржи високо ниво на силициум, кој е добар за здравјето и јачината на коските.

2. Пивото го зајакнува срцетополовина литар пиво дневно го намалува ризикот од срцевите заболувања и до 30%, го зголемува нивото на холестеролот кој го спречува запушувањето на артериите.

3. Добро е за работата на бубрезите научниците од Франција спровеле едно истражување, чии резултати покажале дека пивото е поразлично од сите други алкохолни пијалоци, бидејќи откриле дека во значителна мера го намалува ризикот од појава на камења во бубрезите.

4. Го зајакнува мозокот според едно истражување спроведено во 2005 година на над 11.000 возрасни жени, се покажало дека жените кои пијат пиво во умерени количества, на резултатите на тестовите за ментални способности, се покажале 18 месеци помлади отколку нивните реални години, за разлика од оние кои не консумираат пиво .

5. Го намалува ризикот од појава на рак Едно португалско истражување покажало дека шницлите доколку се маринираат во пиво дури за 70% ги намалуваат кацерогените состојки, отколку шницлите кои само се пржат.


6.
Го подигнува нивото на витамини во организмотлуѓето кои конзумираат пиво имаат за 30% поголемо ниво на витамин Б6 во крвта, од оние кои никогаш не пијат пиво. Пивото содржи витамин Б12 во иста количина како и фолната киселина.

7. Штити од инфаркт – Истражувањата спроведени на Универзитетот Харвард, открија дека умерената количина на алкохол , вклучувајќи го и пивото, помагаат во спречување на згрутчувањето на крвта, кој го блокира протокот на крвта која тече низ срцето и мозокот и кој предизвикува инфаркт.

8. Го намалува ризикот од појава на дијабетис – Истражувањата спроведени во 2011 година врз 38 средновечни мажи, покажале дека оние кои пијат едно до две пива дневно, имаат намален ризик од појава на дијабетис за дури 25 % .
9. Го намалува крвниот притисок – пивото е подобро и покорисно од виното, покажале истражувањата во кои учествувале 70.000 жени на возраст помеѓу 24 и 40 години.

10. Го продолжува животот – Уште од 2005 година е откриено дека оние кои пијат пиво во умерени количества живеат подолго, бидејќи со консумацијата на овој вид алкохол се намалува ризикот од срцеви заболувања, инфаркт и дијабетис.