Како што расте бројот на болните од дијабетис 2 на светско ниво, правилната исхрана може да биде најдобрата превенција од оваа подмолна болест, која се повеќе зема замав. Во продолжение погледнете кои се најздравите кујни во светот, кои можат во исто време да ве инспирираат да направите позитивни промени во својата секојдневна исхрана.

Медитеранска кујна

Оваа исхрана е богата со зеленчук и овошје, интегрални житарки, јаткасти плодови, риба, млечни производи и маслиново масло, кое е главен извор на масти. Понекогаш вклучува и по некоја чаша црвено вино. Многу студии ја истакнуваат полезноста од ваквата исхрана и ја поврзуваат со подобрата здравствена состојба и намалениот ризик од многу болести, меѓу кои е и дијабетисот тип 2.

Јапонска кујна

Населението на Јапонија има најдолго очекувано траење на животот во светот. Неодамнешната студија покажала дека Јапонците ја должат својата долговечност на исхраната богата со зеленчук, овошје, риба и алги. Јапонската влада во 2005 година објавило препораки за населението поврзани со исхраната, во кое луѓето се поттикнуваат да внесуваат помалку заситени масти и сите видови преработки. Истражувањата покажале дека испитаниците кои ги следеле таквите препораки имале 15% помала стапка на смртност и помали шанси да заболат од затнување на крвните садови.

Нордиска кујна

Ржан леб, масна риба, локално сезонско овошје, коренест зеленчук и ферментирано млеко се традиционална храна на нордиските народи, како што се Швеѓаните, Норвежаните, Данците, Финците и Исланѓаните. Една неодамна објавена студија во “The American Journal of Clinical Nutrition” покажала дека ваквата исхрана е подеднакво полезна колку и медитеранската, и дека го намалува воспалението во телото.

Западноафриканска кујна

Населенито на Мали. Чад, Сенегал и Сиера Леоне се хранат исклучително здраво. Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ, кои ја истражувале застапеноста на овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, рибата и храната богата со влакна и омега-3 масни киселини, откриле дека населението од овие западноафрикански земји внесуваат најмногу вакви намирници во однос на сите други жители во светот. Освен тоа, населението од овие земји јадат многу малку во однос на oна од западноевропските земји, што значи дека бележат многу помалку заболени од дебелина, но и од дијабетис тип 2.

Француска кујна

Познатиот ,,француски парадокс,, одамна ги збунува научниците. Како нација која внесува толку многу намирници богати со заситени масти, има толку ниска сапка на заболени од срцеви болести и дебелина? Една студија покажала дека клучот се наоѓа во квантитетот. Имено, Французите јадат кроасани, сирења и месо, но ги јадат во мали количини.

Јамајканска кујна

Оваа кујна вклучува мешавина од техники на готвење, ароми и зачини. Има влијание од староседелците на Јамајка, но исто така и од Британците, Африканците, Шпанците, Индијците и Кинезите, кои го населувале овој остров. Јамајканската кујна е здрава затоа што подготвува непреработена храна, користи помали порции месо, има голема содржина на риба, мешунки и зеленчуци. Основата на оваа кујна се многу лековити растенија, како што се ѓумбирот, лукот и лутите пиперчиња. Едноставно кажано, Јамајканците отсекогаш биле свесни за односот помеѓу храната и здравјето.

Она што ги поврзува сите овие типови на исхрана е тоа што се богати со овошја и зеленчук, но и со мешунки. Исклучително е важно правилно да се бира изворот на масти и предност да му се дава на маслиновото масло и на незаситените масти, но и да се јаде доволно риба.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина