Веган торта од моркови и портокали
Состојки:
Бисквит:
- 2 филџани брашно
- еден ипол филџан рендани моркови
- 2 лажички цимет
- 1 портокал
- 7 лажици шеќер
- половина филџан масло
- прашок за печиво
- грст ореви
Прелив:
- 2 лажици какао
- малку масло
- малку млеко од соја
- 2 лажици шеќер
Подготовка:
Морковите изрендајте ги најситно, а потоа изрендајте ја и кората од портокалот. Сокот од портокалот издеете го и измешајте го со маслото и шеќерот.
Во друг сад измешајте ги заедно брашното, прашокот за печиво, циметот и ситно исецканите ореви. Додатете им го сокот од портокалот и морковите и по потреба додајте малку млеко од соја. Смесата ставете ја во рерна и печете 40 минути на 180 степени Целзиусови.
За преливот измешајте ги сите состојки и загрејте ги на оган. Мешајте 2-3 минути додека не згусне и потоа прелијте го преку тортата. Пред служење тортата треба да отстои неколку часа во фрижидер.