Состојки:

2 моркови

По избор, спанаќ свеж или замрзнат

2 компири

1 тиквичка

1 јајце

50 гр. (или по потреба) брашно

3-4 чешниња лук

магдонос

2 лажици вегета

1 лажичка црн пипер

1 лажица лебни трошки

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на помали парчиња. Морковите исечете ги на половина и заедно сварете ги во солена вода, додека не омекнат. Спанаќот одмрзнете го и исцедете го, а ако користите свеж, само измијте го со топла вода за да ,,овене,, и потоа исецкајте го. Тиквичката исечете ја на кругови и додајте ја во водата во која се варат компирите и морковите, во последните 5 минути од варењето. Сварениот зеленчук исцедете го и оставете го да се олади. Потоа испасирајте го заедно со спанаќот.

Потоа во смесата додајте го јајцето, исецканиот магдонос, ситно исецканите чешниња лук, вегетата, солта и црниот пипер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. На крај додадете ги брашното и лебните трошки, за да добиете густа смеса, и обликувајте ги бургерите. Пропржете ги на маслиново масло по 2-3 минути од секоја страна, додека не добијат светлокафеава боја.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина