Се ближи  Велигденскиот пост, а со неговиот почеток, помалку или повеќе радикалнно, се откажуваме не само од лошите мисли, туку и од храната и алкохолот. Некои дури се подложуваат и на целосно гладување, па затоа добро е да се знае како тоа влијае врз нашиот организам.

 

Хормонот на стрес ги напаѓа резервите

 

Иако постот е еден вид на борба, бидејќи, додека трае, гладувате и се откажувате од уживањата, повеќето од оние кои постат се чувствуваат одлично. За телото тој аскетизам значи најава на борба, па тоа почнува да го излачува хормонот на стрес, адреналинот. За и понатаму да си обезбеди хранливи материи и да го оддржи метаболизмот, организмот најпрво ги користи своите кризни резерви. Многу брзо, за помалку од еден ден, резервите на шеќер во црниот дроб се трошат, па организмот преминува на белковиние од мускулите.

 

Со неколку мали трикови, телото ги претвора во глукоза, најважниот извор на енергија. Тоа може да предизвика:

 

  • вртоглавица или главоболка
  • чувство на студ
  • замор

 

За телото да може подобро да ги поднесе овие откажувања, важно е да му се обезбеди барем минимално снабдување со хранливи материи.

 

По три дена пост, црниот дроб почнува забрзано да ги согорува масните киселини, а дел од нив претвора во ,,кетонски тела,,. Тоа е името за трите соединенија растворливи во вода, кои телото ги користи како извор на енергија во срцето и мозокот. Ако е неопходно, на овој начин може со недели да се преживее без храна.

 

Серотонинот го гали мозокот

 

За тоа време, мозокот доживува една пријатна промена. Трансмитерот сератонин делува подолго врз мозокот, па повеќето од оние кои постат веќе по само неколку дена се чувствуваат одлично.

 

Покрај духовна среќа, кои некои ја постигнуваат со постењето, од постот полза има целиот организам. Многумина ќе се пофалат дека токму со него си го нормализирале крвниот притисок или нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, со постот без сомнение може да се загуби вишокот на килограми. За жал, повеќето од оние кои постат по неговото завршување му се враќаат на стариот начин на исхрана, па килограмите брзо повторно се трупаат. Добри резултати може да задржи само оној кој по постот ќе премине на поинаков начин на исхрана. Постот носи голема промена во метаболизмот, но сите се согласуваат дека и на душата може да и донесе трајна полза.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина