Ашваганда е единствено растение со адаптогени и антистресни својства, што значи дека им помага на телото и умот подобро да се носат со секојдневниот стрес и не заштитува од неговите негативни влијанија. Таа го храни нервниот систем и ги подобрува неговите функции, па така ни помага да ја задржиме свежината за време на стресни ситуации. Го унапредува физичкото и психичкото здравје и е одлична за оние кои се изложени на големи физички и психички напори. Има смирувачки ефект врз организмот, но исто така му дава и физичка сила, енергија и будност, за разлика од седативите, кои го заспиваат. Идеална е за закрепнување после болест и кај хроничен замор.

Латинското име на Ашваганда е Withania Somnifera, односно „она која носи сон“, поради нејзиното својство да ги координира умот и телото, со што придонесува за подобар сон. На санкрит, името на ова растение се состои од два збора: „Aшва“ – коњ и „Ганда“ – растение, што во превод значи „она кое дава коњска виталност и сила“.

Ашваганда е уште познато и како индиски гинсенг, бидејќи ја подобрува виталноста и физичката издржливост. Овој сеопфатен ајурведски тоник ги јакне и балансира телесните органи и системи во борбата против психичкиот, емотивниот и физичкиот стрес, ја подобрува концентрацијата, разбирањето на нови нешта и физичката подготвеност. Нејзините активни супстанции се повеќе од 20 витанолиди, а најголем дел од биолошката активност на ова растение се припишува на витаферинот. Како природен додаток во исхраната против стрес претставува кулминација од илјадагодишното искуство на ајурведската мудрост.

Хемиските анализи покажале дека Ашваганда е вистински мал рудник на минерали и биолошки вредни состојки, како што се: калциум, железо, цинк, кобалт, бакар, ванадиум, витало-лактони, фенолни компоненти, протеини и слободни амино кислеини, сапонини, гликозиди и алкалоиди.

Поради современиот начин на живот, нивото на стрес во нашето општество постојано расте. Ако го носиме тешкиот товар на стресот, тоа е исто како кога некој нуклеарен реактор работи преку дозволената сила. Порано или подоцна нешто ќе пукне, а што ќе настрада притоа зависи од слабите места во нашата физиологија. Научните истражувања го поддржуваат ефектот од ашваганда во отстранувањето на стресот и нејзиниот придонес во заштитата на мозочните клетки против опасниот исход поради нашиот забрзан, современ начин на живот.

Што се лекува Ашваганда ?

Поради високите вредности на своите состојки, Ашваганда ги има следниве благодети:

Моќен антистресор – ги елиминира последиците од стрес, одличен адаптогеник е и му помага на организмот полесно да се справува со стресните ситуации, прилагодувајќи го на разни неповолни околности (студ, жештина, глад, жед, недостиг на кислород, па дури и радијација).
Ги балансира хормоните и ендокринолошкиот систем, помага кај хипотиреоза и кај хипертиреоза
Превенција е од артериосклероза, дијабетес, хипертензија, малигни заболувања и депресија
Има седативно дејство, дава мирен, здрав и длабок сон
Го стопира стареењето и ги активира анаболитичките процеси
Ги храни сите ткива, посебно мускулите, коскената срж и зглобовите
Одличен афродизијак е, добар е за половите органи
Ја поттикнува плодноста и ја јакне сексуалната сила
Им се препорачува на спортистите за побрзо закрепнување по повреди или напорен тренинг
Добро е да се користи при хемотерапија и зрачење

 

Тагови: ашваганда
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина