Во последно време, стана популарно да се цедат сокови од се и сешто. Секако, со тоа оди и скапо платена опрема. За жал, многу тврдења за здравствената полезност на соковите не се базираат на факти.

1. Свежо цедените сокови се одлични

Што значи зборот “свеж”? Ако портокалот е набран некаде во Грција, па транспортиран од таму со камиони, држен во ладилници, па потоа стоен во супермаркет, а вие сте го донеле дома и “свежо” сте го исцедиле – тоа воопшто не е свеж сок. Времето, кислородот и светлината секако ја намалиле неговата нутритивна вредност. И, поради тоа секако дека тој сок не е “свеж”.

 
2. Од соковите побрзо се апсорбираат хранливите состојки

Ова е 100% точно, бидејќи хранливите состојки од сокот побрзо се апсорбираат отколку од цврстата храна. Но, тоа воопшто не е предност! Односно е ако се трча маратон и треба веднаш да се поврати енергијата, или ако шеќерот нагло опадне (во случај на дијабетес). Но, во сите нормални околности на организмот му е многу полесно, а и поздраво, да ги впива хранливите состојки со побавно темпо. Кога ќе се испие сок, телото побрзо го апсорбира шеќерот, што не е добро. За разлика од тоа, кога ќе изедете цела овошка, влакната од него ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, така што на организмот му е полесно да работи со тоа.

3. Цедењето на сокот ги ослободува ензимите заробени во влакната

Од научна страна ова е смешно, затоа што тоа истото го прават и нашите заби, кога добро ќе се изџака овошката. Со нејзиното џвакање исто така ослободуваме ензими кои се поврзани во “мрежата на влакна”. Зборувајќи прецизно, нашите заби можеби се старомодни, но затоа се одлична машина за ладно цедење сокови.
Самото наше тело произведува ензими кои се неопходни за варење на храната. A што се однесува до ензимите од овошјето било да доаѓаат од целата овошка или од сокот, нашата желудочна киселина, која е многу силна, најверојатно ќе уништат речиси се.


4. Соковите придонесуваат за слабеење

Сами по себе, соковите ниту придонесуваат за слабеење, ниту ги согоруваат мастите, ниту отстрануваат целулит, ниту го забрзуваат метаболизмот.

5. Соковите го детоксицираат телото

Можеби, краткорочно, и во некои случаи. Но, ако јадете се и сешто, а потоа недела дена пиете сокови за да се детоксицирате, тоа не може да биде трајно решение. Вистина дека треба да им се помогне на органите добро да си ја вршат својата функција, но тоа го постигнуваме со редовна правилна исхрана и со редовни физички вежби.


6. Брзата апсорпција на состојките од соковите ги одмора органите за варење

Земете ги пример срцето и белите дробови: Тие никогаш не престануваат да работат, а ниту сакаме да се случи тоа. Начинот на кој може да се одржи здравјето на срцето и белите дробови е со помош на вежбање, а не со одмор. Кога вежбаме редовно, срцето чука обрзо и посилно се контрахира. Тоа го јакне и го прави поефикасно кога ќе се врати во својот нормален ритам. Исто е и со органите за варење. Тие не треба да се ,,одмораат,, туку треба да им се помогне да работат поефикасно. Еден од начините за да се постигне тоа, на пример, е преку консумирање намирници кои содржат растителни влакна (за кои е докажано дека ги чистат органите за варење и ја подобруваат нивната работа). Значи, ќе им направите добро на своите органи за варење ако одбегнувате сокови од кои се отстранети растителните влакна.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина