Ако сте љубители на слаткото, ова нема да ви се допадне – дури и ако значително го имате намалено внесувањето на шеќери. Светската здравствена организација, агенција при Обединетите Нации, која се занимава со глобалното јавно здравство, објави нови информации за консумирањето на шеќери. Овие информации советуваат и препорачуваат да не се консумираат повеќе од 10% калории од супстанции кои содржат шеќери – или грубо кажано 50 грама шеќер на еден просечна личност.

Ова ни малку не изнанадува; стручњаците од СЗО провизорно предлагаат уште од 1989 година консумирањето на шеќери да биде 10%, а моменталните упатства се уште се разгледуваат во последниве неколку години. Но, за првпат по толку години овој совет на СЗО е понапреднат во поглед на намалувањето на количината на слатки во вашиот живот.

Идеално, 5% од калориите што се добиваат од шеќерите – или 25 грама – е онаа количина кон која треба да се стремите, вели СЗО сега, и не само ако се обидувате да одбегнете прекумерна дебелина или дијабетес. Врз основа на фактот дека студиите на оваа тема се ограничени по бројност, СЗО го дава советот со 25-те грама какоусловен.”

Не е откриена никаква штета поврзана од намаленото консумирање на шеќери на помалку за 5% од целокупната потребна енергија“, се вели во извештајот. Но, поради особено широко распространетите позитивни ефекти кои намалувањето на консумирањето на шеќерите на помалку од 25 грама ги имаше врз кариесот на забите како кај возрасните, така и кај децата, и поради тоа што тие истражувања покажаа поврзаност помеѓу намаленото консумирање на шеќерите и здравјето, СЗО даде зелено светло за тоа.

Организацијата не ги смета притоа шеќерите кои се природно содржани во млекото или овошјето, туку ги смета шеќерите кои ги има во овошните сокови и медот, колку и да се тие природни. Предлогот може на некои да им дојде како шок – посебно ако се земе предвид дека просечноста на консумирањето меѓу Американците се шокантни 88 грами, според American Medical Association.

Во половина лименка сок има помалку од 25 грама шеќери. Повеќето јогурти содржат околу 24 грама по пакување. Во намирниците кои ги има наведено СЗО никогаш нема да се посомневате дека воопшто и содржат шеќери, како што е на пример кечапот, кој содржи околу 4 грама во една порција. Не зачудува тоа што Асоцијата за шеќер објави нови препораки. Но, дури и некои неутрални стручњаци се чини дека се налутени од намаленото консумирање и од ефектот кој истото може да го има врз секојдневната исхрана на луѓето.

“За да го намалите внесувањето на 5%, нема да смеете да се напиете ни сок од портокали,” изјавил Том Сандерс за Асошиејтед Прес, професор по нутриционизам и диететика при Универзитетот Кингс од Лондон.

А токму така и е поентата. Овошните сокови отсекогаш биле сметани за извор на премногу шеќери. Нашите грижливи обиди за зачувување на здравјето на трпезата не помагаат ако веќе внесуваме други производи кои содржат шеќери. Не постои неопходна потреба зошто треба да пиете кока-кола, и покрај она што ви го кажуваат од компанијата Кока-Кола. Шеќерите се веќе насекаде навлезени, од лебот до тестенините, се до житарките, така што обидот да ги ограничиме на 25 грама може да биде освестување и здрава вежба.

 

Тагови: шеќер
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина