Исчистете ја и подмладете ја кожата одвнатре
Мозолки и црвенило, испукана, сува кожа или мрсна делови, забележливи брчки – се само некои од проблемите кои сигурно и самите ги имате искусено на кожата. Почнете да ги решавате уште денес и помогнете и на својата кожа одвнатре. Исчистете ја, подмладете ја, дајте и нова сила и квалитетна база за обнова и нега, со помош на намирниците кои се нејзини пријатели. Откријте кое овошје или зеленчук има предност во грижата за кожата. Секако, при прочистувањето на организмот вклучете ги здравите сокови.
Топ намирници за вашата кожа
1. Моркови
Богати со антиоксиданси, морковите содржат витамини и минералии кои на вашата кожа ќе и дадат квалитетен тен, мекост и свиленкаст сјај. Овој зеленчук воедно и ја штити кожата од стареење и од штетните УВ – зраци.
2. Цвекло
Ја поттикнува детоксикацијата на кожата и го стимулира производството и обновувањето на клетките. Може да помогне во ублажување на брчките и проблематичните делови на кожата. Беталаинот, пигментот во цвеклото, е силен антиоксиданс кој е задолжен за помагање кај воспалителните процеси, габичните заболувања како и за заштита на клетките од стареење.
3. Ананас
Вкусното овошје ќе ви ја исчисти кожата и ќе и даде здрав сјај, додека витаминот Ц ќе ја заштити природно од воспалителните процеси. Ананасот длабински ја храни кожата и е задолжен за квалитетна хидратација. Помага во намалување на црвенилото, надразнатоста на кожата и и обезбедува мекост.
4. Сок од целер
Сокот од свеж целер е силно алкализирачко средство за целиот ваш организам. Силициумот со кој изобилува овој зеленчук е задолжен за градба на сврзното ткиво и за обнова на колагенот и еластинот, односно за борба против стареењето, брчките и оштетувањата на кожата.
5. Домати
Ликопенот од доматите е заслужен за заштита на кожата од штетните влијанија и претераното изложување на сонцето. Познатиот антиоксиданс воедно и помага на кожата да ја одржи младоста и мекоста. Предноста на ликопенот е во тоа што за време на термичката обработка на доматите се зголемува неговото ниво.
6. Сок од папаја
Природното решение за мека и прекрасна кожа е секако сокот од папаја. Сокот од папаја содржи вистинска витаминско – минерална комбинација од квалитетни состојки. Ја штити кожата од воспалители процеси, го поттикнува создавањето на колаген и ги обновува оштетените клетки. Ја намалува длабочината на брчките. Целосно ја храни кожата одвнатре и и дава природна заштита.
7. Јаболки
Освен што ќе помогне во елиминирање на токсините, јаболките на вашиот организам можат да му дадат и заштита од карцином, посебно на кожата, со оглед на тоа што содржи изобилство од корисни флавоноиди. Јаболкото и помага на кожата во одржување на природната цврстина, обновување на оштетените клетки, подобар тен и зачувување на хидратацијата.
Лимоните ја детоксицираат кожата, ги чистат акните, помагаат во спречувањето на брчките и на воспалителните процеси на кожата. Подеднакво се ефикасни и како намирници во јадењето, но и за надворешна употреба на кожата.
9. Краставица
Силното алкализирачко средство кое го подмладува организмот, ќе и помогне и на вашата кожа, посебно ако имате проблеми со вспаленијата, сува и оштетена кожа. Ја обновува еластичноста на кожата, чисти, хидратизира и помага во ублажување на брчките.
10. Семки – лен, чиа, сончоглед
Изобилството на омега – 3 масните киселини, витамини и минерали кои ги содржат овие семки, ќе и помогнат на вашата кожа во борбата со знаците на стареењето, лузните, брчките, акните и мозолките. Идеална намирница се ако имате проблематична и чувствителна кожа. Ќе ја хидратизира вашата кожа одвнатре и ќе и помогне во регенерацијата и добивањето здрав сјај.