Тренинг од три вежби со кој најбрзо се трошат калории (видео)
Една сиета може да биде многу полесна ако успееме со тренинг да се потрошат многу калории. Можеби веднаш ви паѓа на памет долготрајно џогирање, возење велосипед или слично, но со разни видови тренинг може да се согорат голем број калории за многу кусо време.
Ако комбинираме добри вежби и ги распределиме во текот на тренингот, и тоа како можеме да согориме многу калории за многу кусо време, а поради околностите кои ги создава таквиот вид на тренинг во организмот, калориите се трошат уште некое време по завршување на тренингот.
Испробајте ја оваа рутина од само три вежби, кои може да се прават посебно или на крајот од некој друг тренинг. Со овие вежби ќе го активирате целото тело, а интервалот добро ќе ве замори. Направте 1-2 круга по вообичаениот тренинг (ако не трае премногу долго) или 3-4 кругови во некое друго време, како посебен тренинг. Доволни ви се само два тега и клатно ег, а целта е да се направат колку што можете повеќе повторувања во зададен временски интервал.
1 круг
Чучнување со свиткување и потисок
T – склек
Замавнување со руско звоно или тег
- Вежба 1. 30 секунди
- Вежба 2. 30 секунди
- Вежба 3. 30 секунди
- Пауза помеѓу – 30 секунди
2. круг
- Вежба 1. 20 секунди
- Вежба 2. 20 секудни
- Вежба 3. 20 секунди
- Пауза помеѓу – 20 секунди
3. круг
- Вежба 1. 10 секунди
- Вежба 2. 10 секунди
- Вежба 3. 10 секунди
- Пауза помеѓу – 10 секунди