Имаме само еден живот и затоа е битно да се искористи секој миг и да се исполни со што повеќе среќа. Како да се биде среќен? Еве неколку начини како да живеете среќен живот.

1. Излезете надвор
Голем број од луѓето најголем дел од времето го поминуваат во затворени простори. Во затворени простори работиме, се дружиме, учиме, се опуштаме, вежбаме и како оној надворешен свет како да е заборавен за нив. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои надвор, на свеж зрак, поминуваат најмалку триесет минути дневно, се посреќни од оние кои постојано го минуваат времето во затворено. Не мора ништо посебно да правите. Прошетка, разгледување на излози, набљудување на луѓето во парк многу брзо ќе ве развеселат и опуштат.

2. Спијте повеќе
Доволниот сон може долгорочно да ве направи среќни. Ако навечер спиете помеѓу осум и девет часа, помали се шансите да паднете под влијание на негативните емоции или на било што лошо што се случува околу нас.

3. Следете ги сопствените инстинкти
Истражувањата покажуваат дека оние кои го следат својот внатрешен глас, наместо непрекинато да го работат она што се очекува од нив, се многу посреќни, и краткорочно и долгорочно. Ставајќи го на прво место и следејќи го она кое ни го кажува нашата потсвест, ќе живееме многу поисполнети и посреќни животи.

4. Внимавајте на здравјето
Здравите луѓе се среќни луѓе. Само триесет минути вежбање секој ден и здравата исхрана можат да го сменат вашиот поглед на светот и да направат пресврт во вашиот живот. Не е потребно многу за да го задржите здраво телото – триесет минути брзо одење и овошје наместо чоколада е се што ви е потребно.

5. Опкружете се со среќни и позитивни луѓе
Оние кои не опкружуваат влијаат врз нашето расположение, па ако сте опкружени со негативни луѓе, ќе бидете негативни и ќе се чувствувате тажно или налутено. Ако вашите блиски се причината за вашето нерасположение, размислете како да ги придвижите и како да им ја вратите насмевката на лицето.

6. Почестете се
Секако дека шопингот не обезбедува трајна среќна, но во оние денови кога ни е потребно брзо поткревање на расположението, нова маица, книга, карта за кино, црвенило за усни или било каква нова дреболија е идеално решение. Земете со вас некоја позитивна пријателка/пријател да ви прави друштво за време на шопингот и дозволете си на себе нешто што сакате. Многу брзо ќе видите како ќе се смеете.

7. Секогаш гледајте на посветлата страна
Оптимистите имаат многу посреќни животи од песимиситите, полесно се борат против болестите и подолго живејат. Без разлика колку ви е тешка ситуацијата во која се наоѓате, обидете се да гледате на вашиот живот од посветлата страна и обидете се да ги пронајдете добрите нешта во животот.

8. Научете да простувате и да заборавате
Омразата и желбата за одмазда можат да го исцрпат човекот. Затоа треба да научите да простувате. Ако продолжите да живеете во минатото, постојано ќе бидете разочарани, песимистични и несреќни.

9. Правете добри дела
Ако секој ден правите по нешто добро за некој друг, веднаш ќе се почувствувате посреќни и поисполнети. Кога му помагате на некој друг, создавате подобар свет. А, тоа е идеален начин за да бидете среќни, но и другите да ги направите среќни.

10. Смејте се
Насмевката е клучна за среќа. Да, да, смејте се и кога сте среќни и кога не сте среќни. Кога се смеете кога не сте среќни, ќе го измамите мозокот да помисли дека сте среќни. Тогаш навистина и ќе станете такви.

Тагови: среќа
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина