Чистење на црниот дроб со суво грозје
Постапката на чистење и детоксикација на црниот дроб со помош на суво грозје е една од најефикасните методи за закрепнување на организмот и ослободување од хронични болести и токсини, бидејќи самата затруеност на организмот го вклучува механизмот за самоизлекување, а исто така значително ја намалува ефикасноста на лековите и рецептите на традиционалната медицина.
Црниот дроб во нашиот организам има улога на фабрика за крв. Исто така помага и во јакнењето и стимулацијата на варењето во организмот. Тој има и уште една важна функција: ја чисти крвта и ги елиминира сите токсини и нечистотии од неа. Од тука е јасно дека чист црн дроб значи – здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.
При изборот на сувото грозје, треба да се изостави светлото и жолтеникаво суво грозје. Неговата светла боја е резултат од третирањето со сулфур диоксид, што е кршење на правилата на неговото сушење. Треба да одберете збрчкано, без сјај и не премногу меко, ни премногу тврдо суво грозје. Бобинките мора да се зачувани и неоштетени. Ова суво грозје треба да биде со темнокафеава боја. Исто така постои и црно суво грозје со синкави нијанси, кое се добива од темни сорти на винова лоза. Идеално е ако најдете суво грозје со ,,опавчиња,, – еден од главните показатели за природноста на сувото грозје.
По изборот на вистинскиот вид на суво грозје, може да започнете со подготовка на средството за чистење на црниот дроб.
- Наутро потопете во сад со топла вода една чаша суво грозје и оставете го да отстои 15 минути. Потоа измијте го добро под млаз вода.
-
Измиеното суво грозје ставете го во чаша и наполнете ја до врв со превриена вода која е на собна температура. Оставете го да отстои до следното утро.
-
Следното утро, на празен стомак, напијте се од напитокот и изедете го сувото грозје. Легнете во кревет 1,5-2 часа и ставете топла облога (термофор) на десната страна од стомакот.
Оваа постапка се повторува еднаш неделно, а самото чистење трае месец дена, да пати годишно.