Ако се јаде умерено и се комбинира со намирници со низок гликемиски индекс, тестенината не дебелее ниту ги зголемува масните залихи во телото, туку му ја дава на телото потребната енергија, покажале неколку нови истражувања. Тие тврдат дека тестенината е еден од најдобрите извори на енергија – на сложени и комплексни јагленохидрати. Доказите доаѓаат од Универзитетската болница Сент Мајкл од Торино, Италија, во чија студија учествувале 2.488 испитаници, кои во замена за останатите јагленохидрати (ориз, компир или леб), неделно јаделе по три порции тестенини.

 

Идејата била да се јадат намирници со низок гликемиски индекс, a тестенината спаѓа во таквите, бидејќи нејзиниот гликемиски индекс се движи околу 50 (на табела до 100), што значи дека побавно го подига нивото на шеќер во крвта, дури побавно од останатите рафинирани јагленохидрати. Истражувањето покажало дека тестенините не придонеле за зголемување на масата или на масните залихи во телото. Напротив, кај испитаниците бил забележан мал пад на телесната маса, околу половина килограм неделно, вели главниот автор на студијата, доктор Џон Сивенпипер, кој е убеден дека тие резултати покажувата дека тестенините можат слободно да се стават на листата на препорачани намирници за здрава исхрана. Тоа се поклопува и со резултатите од студијата која отприлика пред две години била објавена во списанието Nutrition&Diabetes од истражувачите од Институтот Неуромед, кој со оваа студија опфатиле повеќе од 14.000 луѓе од молишката регија и нешто помалку од 9.000 луѓе од другите делови на Италија.

 

За виткост и здравје

 

Учесниците во студијата морале детално да одговараат на прашања за тоа што и во колкава количина јадат, па научниците потоа го споредувале тоа со нивната маса, обемот на половината и колковите, и дошле до заклучок дека тестенини најчесто јаделе оние кои биле најслаби.

 

Тестенините се квалитетна намирница. Содржи голема количина скроб, а пожелно е главнината од енергијата да ја добиеме во текот на денот од скробни намирници. Тие исто така содржат и белковини, па добреојдена е во исхраната на вегетаријанците. Повеќето од нив се изработени од житарки и одлично е да се комбинираат со мешунките. Имено, ним им недостасува есенцијалната аминокиселина метионин, додека на житарките им недостасува аминокиселината лизин. Значи обратно – мешунките содржат лизин, а житарките метионин, така што во оброкот во кој сме ги комбинирале се добиваат квалитетни белковини. Тестенините при подготвување треба да се al dente, така што ќе останат цврсти под забите, бидејќи тогаш е лесно сварлива и има понизок гликемиски индекс отколку кога е преварена.

 

Интегрални за подобра дигестија

 

Од друга страна, оние кои имаат проблеми со дигестијата и патат од запек, како и оние кои сакаат да ослабнат, треба да консумираат интегрални тестенини. Тие содржат влакна кои го зголемуваат волуменот во дигестивниот систем, па така се јаде помалку храна и истата полесно ќе се свари во дигестивниот систем.

 

Основа за студени оброци

 

Изладената тестенина има понизок гликемиски индекс од топлата. Па добро е да се користи и како основа за студени оброци. Комбинирајте ја со риба, месо и сирење или со мешунки и зеленчук.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина