Лимонадата е еден од омилените летни напитоци. Покрај тоа што освежува и ја гаси жедта, таа дава низа здравствени полезности. Во лимонот се наоѓа богата ризница од витамини А, Ц, Б1, Б6, калиум, пектин, калциум, фосфор, манган… Еве кои се здравствени тегоби може да ги ублажи ако почесто се консумира.

1. Камен во бубрег

Со оглед на тоа што во лимонот има 8% цитронска киселина, која влијае позитивно на работата на бубрезите и спречува настанок на камен, препорачливо е во текот на денот да се испие половина филџан лимонов сок растворен во 7 чаши вода. Ако повеќе ви одговара, овој напиток може да се заслади со мед.

2. Им ги чисти токсиите и го забрзува метаболизмот

Млака вода со лимон е совршен напиток за ,,добро утро,,, бидејќи му помага на системот за варење побрзо да се ослободи од токсините од телотоа, спречувајќи опстипација и дијареја. Лимонадата ќе ја зголеми зачестеноста за мокрење, поради што токсините помалку ќе се задржуваат во телото, а уринарниот систем ќе остане здрав.

Една чаша сок од лимон содржи помалку од 25 калории, а е богат извор на хранливи материи како калиум, калциум, витамин Ц и влакна пектин, поради што е одличен напиток ако сте на диета и водите сметка за вашиот изглед и килограми. Лимонадата ја поттикнува хидратацијата и го забрзува метаболизмот, а на тој начин ви помага да се ослободите од вишокот килограми.

3. Го регулира варењето

Пектинот во лимонот е многу корисен за здравјето на дебелото црево. За да ја подобите работата на цревата, измешајте една лажичка лимонов сок, чаша вода и лажичка мед. Оваа моќна мешавина ќе ве ослободи од непријатните симптоми на запек.

Лимонадата може да помогне и ако се има чувствителен стомак. Подоберте ја работата на желудникот и цревата по обилен и тежок оброк со помошта на лимонот. Измешајте сок од половина лимон и пола лажичка сода бикарбона и растворете ги во чаша вода. Лимонадата спречува надуеност и делува како диуретик. Меѓутоа, ако надувувањето е долгорочно, тогаш телото значи дека испраќа сигнал дека мора да се менуваат навиките, бидејќи лимонадата не е доволна.

4. Здрав црн дроб

Лимоновиот сок им дава енергија на ензимите од црниот дроб и ја создава жолчката, која е неопходна за варењето. Исто така, лимонот помага во оддржувањето на рамнотежата на нивото на калциум и кислород во црниот дроб и на тој начин спречува киселини и запек. Затоа доколку имате проблеми со црниот дроб, лимонадата мора да биде ваш чест избор за освежување.

5.Ги јакне коските на зглобовите

Со лимонадата можете да ублажите симптоми на артритис, болки и здрвеност во зглобовите. Исцедите половина лимон во чаша вода и пијте го пред појадок. Исто така, пијте лимонада пред ручек, вечера и пред легнување за коските да ви бидат здрави и благодарни.

6. Го смирува воспаленото грло

Цитронската киселина и витаминот Ц во лимонот имаат антибактериски дејства и можат да помогнат при воспаление на грлото. Освен тоа, лимонот го јакне и имунитетот и му помага на организмот да се избори со вирусите и бактериите. Доколку ве измачуваат болки во грлото, исцедете еден лимон во чаша топла вода и со оваа мешавина жабуркајте го грлото неколку пати на ден. Топлата вода со лимон може да ги исчисти и дишните патишта и да ги олесни симптомите на астма и алергија. Чај во кој има додадено лимонов сок и мед прави ,,чуда,, за фрлото и за дишните патишта.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина