Тегавецот (лат. Plantago Major) е повеќегодишно зелјесто растение со широки, јајцевидни листови сместени на дното. Цвета од јуни до август, а го има покрај патишта, ливади, пасишта, во шумите…

 

Што лекува?

 

Тегавецот е одличен лек против кашлица, белодробна астма, па дури и против туберкулоза. Освен тоа, ова лековито растение ги чисти крвта, белите дробови и желудникот, па добро е за сите оние кои се анемични или кои имаат слаба крв, слаби бели дробови и бубрези, а исто така е добар и за оние кои немаат апетит. Лекува секаков вид рани, гребнатини, исеченици, убоди од оси и каснувања. Доколку ставите во чевлите лист од тегавец, ќе ги излекувате жуљевите, а во фитокозметиката сокот од тегавец е познат како ефикасно средство за отстранување акни и мозолки.

 

За подобра дигестија и чир на желудникот

 

Со ова сигурно се лекува чир на желудникот и дванаестпалачното црево. Испробан е многу пати. Тегавецот e исклучително лековито растение. Смелено полесно се вари и ги испушта сите сокови кои се полезни за организмот.

 

Состојки:

  • 300 гр. листови тегавец
  • 1 кг. ливадски мед

 

Потребното време за подготовка на овој лек е околу половина час.

 

Листовите тегавец се мијат и се оставаат да се исушат на хартија. Потоа се мелат во мелница за месо, се мешаат со ливадскиот мед и се ставаат во тегла. Теглата треба да отстои преку ноќ.

 

 

Лековитоста на тегавецот

 

Може да се користи за лекување: чиреви, зарастување рани…

 

 

Послужување

 

Се зема по една супена лажица наутро, пред јадење, се додека не се изеде целата тегла. Се чува во фрижидер. Ако е потребно, постапката се повторува на есен.

 

Причини:

Чир на желудникот (лат. ulcus ventriculi) е оштетување на слузокожата на желудникот претежно на излезот од желудникот и во горната третина, која продира длабоко во ѕидот на желудникот. Ако ѕидот се пробие, тогаш соковите кои го регулираат варењето и содржината од желудникот продираат во стомачната шуплина и можат дополнително да доведат до воспаление на стомачната марамица.

 

Типичен знак за постоење чир на жлудникот е притисок кој се јавува во желудникот по земање храна. Ако чирот често се јавува, постои опасност од заболување од рак на желудникот.

 

Чирот на желудник го предизвикуваат различни фактори: психосоцијален стрес, претерано лачење киселини во желудникот, нарушување на крвотокот, различни лекови (кортизони, некои лекови против реума и за крвоток). Поголем ризик од заболување имаат пушачите како и оние кои работат во смени и во одделни професии (на пример, во транспорот, трговијата и хемиската индустрија).

 

Ако се користи сокот од тегавец без мед, може да се става како облога против главоболка.

 

Облоги за рани

 

Попарете свежи листови тегавец, па ставете ги на раната. Таа брзо ќе зарасте, а чиревите ќе созреат и ќе исчезнат.

 

Лек против убоди од инсекти

 

Ако ве касне пчела, оса или комарец, местото од убодот прекријте го со вата или крпче натопено во свеж сок од тегавец.

 

Кај болки во ушите

 

Капнете во ушите неколку капки свеж сок од тегавец и болката ќе помине.

 

Против заноктици

 

Здробете неколку листови тегавец и ставете ги на загноениот нокт. Веќе другиот ден резултатите ќе бидат изненадувачки добри.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина