Светлосна терапија: против депресија и добро расположение
Депресијата е еден од најчестите ментални нарушувања и водечка причина за инвалидност и за намален квалитет на животот ширум светот, велат научниците во списанието JAMA Psychiatry. Данскиот доктор Нилс Риберг Финсен ја основал современата терапија со светлина пред 100 години, за која во 1903 година добил Нобелова награда за медицина за неговите достигнувања во светлосната терапија. Финсен ја има конструирано првата направа за производство на технички синтетизирани сончеви зраци и има постигнато одлични резултати во лекувањето на пациентите кои страдале од посебен вид на туберкулоза на кожата. На почеток на развојот на фото-медицината во светлосната терапија воглавно биле искористени инфрацрвени и ултравиолетови делови од спектарот. Во раните 80- ти години од минатиот век, еден научен истражувачки тим создал извор на светлина кој првобитно се темелел на ласерската терапија од нискиот дел на спектарот, но кој всушност работел со речиси цел спектар од видливата светлина и дел од инфрацрвената светлост. Тоа истражување открило некои физикални карактеристики, важни за ефикасноста на светлосната терапија. Врз основа на тие технологии, подоцна е создаден БИОПТРОН системот на светлосна енергија, кој стана прифатен ширум светот како облик на третман во превенцијата, терапијата и рехабилитацијата.
И додека на многумина кои патат од депресија може да им се помогне со лекови или со психотерапија, тоа сепак не делува кај сите, а некои пациенти не се придржуваат до припишаната терапија поради нуспојавите или предизвиците кои се поврзани со пристапноста на лекувањето или цената.
,,Ова истражување е прво кое покажува дека светлосната терапија сама по себе има ефекти и прво кое покажува поврзаност омеѓу комбинацијата од лекови и светлина”, вели водителот на истражувањето, Рејмонд Лем од училиштето во Британска Колумбија. – Најефикасна беше комбинацијата на терапија со светлина и антидепресиви”, додава тој. “И покрај тоа, некои луѓе се склони да пробаат немедикаментозно лекување и можеби прво ќе ја одберат терапијата со светлина”.
За да ја испитаат ефикасноста на терапијата со светлина врз депресиите чија појава не е поврзана со некое годишно време, Лем и неговите соработници одбрале случајно 122 пациенти и ги поделиле во четири групи за време од осум недели. Едната група била на лекови, другата на терапија со светлина, третата на комбинација од овие методи, а четвртата била контролна група која не примала никаква терапија. Активното лекување се состоело од дневни дози на флуксетин и дневна изложеност на флуоросцентна светлина во траење од 30 минути по будењето. Групите кои не ги примале двата методи на лекување, биле изложувани на неактивно светло и/или таблети без активни состојки.
На почеток на истражувањето испитаниците просечно имале симптоми на умерена депресија со силина од 26/27 на скалата до 60, која означува најтешка депресија. По осум недели лекување, оние кои биле на комбинација со антидепресиви и светлина забележале просечен пад на интензитетот на депресијата од 16,9, оние кои биле на светлосна терапија пад за 13,4 на скалата за депресија, а оние на антидепресиви 8.8. Најмалку подобрување било забележано кај онаа група која не примала никаква терапија, каде бил забележан пад од 6,5.
Научниците велат дека не е познат механизмот со кој светлосната терапија делува, но можно е да го ресетира биолошкиот ритам во мозокот.