Меѓу сите формули кои ги имаат составено доктори, онлајн калкулатори и осигурителни компании (кои често додаваат од 2 до 10 килограми на она што ние го сметаме за секси и за совршена тежина), многу е тешко да знаеме на кому да му веруваме, посебно кога не бомбардираат со слики од крајно слаби модели во женските списанија. Значи, како да ја процениме својата совршена тежина? Почнете со примена на Крефовата формула, која ја пресметува совршената тежина (во килограми) чисто од здравствено гледиште. Оваа формула е дополнетата позната Лоренцова формула, бидејќи зема во предвид уште два фактора: годините и морфологијата.

Дали некогаш сте слушнале некој да каже: “Никогаш не би можела да бидам слаба затоа што имам крупни коски?” Па, со Крефовата формула во обзир се зема и големината на вашите коски. Во поглед на морфологијата, за една личност со ситна градба се одземаат 10% од тежината пресметана за една просечна личност. И обратно, за личност со крупна градба се додаваат 10% на просечната совршена тежина.

За да можете да одредите дали сте со ситна, просечна или крупна градба, ставете ги средниот прст и палецот од десната рака околу левиот рачен зглоб:

  • ситна градба: палецот ви го преклопува средниот прст
  • просечна градбаi: палецот и прстот ви се допираат
  • крупна градба: палецот и прстот не ви се допираат

Ситна градба:[висина (во сантиметри) 100] + [старост (во години) : 10] x 0,9 x 0,9

Просечна градба:[висина (во сантиметри) 100] + [старост (во години) : 10] x 0,9

Широка градба:[висина (во сантиметри) 100] + [старост (во години) : 10] x 0,9 x 1,1

Напомена: оваа формула е само еден од показателите за вашето здравје. Сосема е можно вашата замислена совршена тежина (онаа на која сте горди на себеси кога сте во бикини) под (ретко над) овој број. Важно е да имате на ум дека вашата совршена тежина е онаа која можете да ја одржите без одрекувања и без ни малку труд. На пример, висока сум 157 см. Кога сум тешка 48 кг., изгледам привлечно на ТВ и во бикини, но ми е исклучително тешко да ја одржам таа тежина и морам многу да се откажувам за да останам на тоа ниво. Со 48 кг. лесно се разболувам, а енергијата ми е на многу високо ниво. Ако ја применам Крефовата формула, совршената тежина ми е 55 кг., но со неа се чувствувам тромаво и бавно – далеку од енергичната личност каква ме знаат луѓето. Но, кога имам 52кг., тогаш се чувствувам најдобро што се однесува до енергијата и речиси никогаш не сум болна.

Валери Орсони, светски познат тренер на холивудските актери и на други славни личности, но и експерт за здрав живот, го има напишано водичотВојничка диета“. Тоа е метод кој е повеќе од програма за слабеење. Тоа е иновативен и ефикасен пристап кој ќе ви го промени стилот на живот. Валери успеала да го постигне она што за повеќето луѓе се чини недостижно – да го претвори својот најголем животен проблем во животен успех. Борејќи се со сопствените здравствени проблеми и вишокот килограми, го напишала овој водич наменет за оние луѓе кои водат сметка за себе и своето здравје и кои сакаат да загубат килограми, а истовремено да уживаат во животот и храната.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина