Мастурбација претставува самостимулација на гениталиите со цел да се постигне сексуално возбудување и задоволство, најчесто до мигот на оргазам (сексуален климакс). Воглавно може да се постигне со допирање, мазење или масирање на пенисот или клиторисот додека не се постигне оргазам. Некои жени исто така ја стимулираат вагината за да мастурбираат или користат сексуални помагала, како што вибраторот.

Кој мастурбира?

Мастурбацијата е многу вообичаено однесување, дури и кај оние кои имаат сексуални односи со партнерот. Според одредени студии, 95% мажи и 89% жени признаваат дека мастурбираат. Мастурбацијата е првиот сексуален чин кој го искусуваат поголемиот број мажи и жени. Кај помладите, мастурбацијата е нормален дел од истражувањето на телото за време на созревањето. Поголем број луѓе продожува да мастурбира дури и откако ќе станат возрасни, а многумина тоа го прават поголем дел од својот живот.

Зошто луѓето мастурбираат?

Поради доброто чувство, мастурбацијата е добар начин за намалување на сексуалната тензија која може да се развие со тек на времето, посебно кај оние кои немаат партнер или кај оние чии партнери не се расположени или достапни за секс. Мастурбацијата е исто така безбедна алтернатива за оние кои сакаат да ја одбегнат бременоста и опасноста од сексуално преносливите болести. Неопходна е и тогаш кога мажот треба да приложи семена течност поради тестирање за стерилитет или донирање сперма. Кај сексуална дисфункција, сексолозите препорачуваат мастурбирање за болниот да може да доживее оргазам (најчесто кај жените) или за да се одложи оргазмот (најчесто кај мажите).

Дали мастурбацијата е нормална?

Иако порано се сметала за перверзен чин и знак за ментален проблем, мастурбацијата во денешно време е нормална здрава сексуална активност која е пријатна, исполнителна, прифатлива и безбедна. Таа е добар начин за да се доживее сексуално задоволство.

Мастурбацијата единствено се смета за проблем кога ја инхибира сексуалната активност со партнерот, кога се врши на јавни места или кога предизвикува болка. Може да предизвика болка ако и се пристапи агресивно или/и ако ги попречува секојдневниот живот и активностите.

Дали мастурбацијата е штетна?

Медицинските стручњаци сметаат дека мастурбацијата е нормален и бесопасен израз на сексуалноста кај мажите и жените. Не нанесува никакви физички повреди и не му штети на организмот, а може да се спроведува во текот на целиот живот на човекот како нормално сексуално однесување.

Некои култури и религии се противат на мастурбацијата и ја сметаат за грешен чин. Тоа може да доведе до чувство на срам и вина.

Одредени експерти истакнуваат дека мастурбацијата ги подобрува сексуалните односи и сексуалното здравје. Преку истражување на сопственото тело можете да одредите што е за вас еротски задоволувачко и тоа можете да го споделите со партнерот.

Некои партнери се користат со заедничка мастурбација со цел да ги откријат техниките за подобар сексуален однос, кој можат да го приклучат на својата заедничка интимност. Сепак, стручњаците за ментално здравје не биле особено наклонети кон бенефитите од мастурбацијата врз менталното здравје се до седумдесеттите години од минатиот век. Без разлика на тоа што бенефитите од мастурбацијата од тоа време до денес се редовно промовирани, многу луѓе и денес се чувствуваат непријатно кога станува збор за тоа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина