Сувата уста повеќе делува како здодевно малтретирање отколку како симптом на посериозен здравствен проблем. Нашиот организам со право создава плунка во устата. Бактериите кои предизвикуваат пропаѓање на забите и парадентоза се развиваат во суво опкружување. Како што пишува порталот Prevention, иако кариесот има непријатен мирис, поголема е загриженоста од болест на непцата. Некои истражувања покажуваат дека воспалението од парадентозата може да го зголеми ризикот од срцеви болести и мозочен удар. Ако тоа не ви звучи доволно лошо, нашата плунка е алкална и помага во заштитата на забите од корозијата која ја предизвикуваат киселините од храната.

Болно грло, проблеми со говорот и голтањето, чувство на печење во устата се исто така непријатни и болни симптоми од сувата уста. Поради сите овие причини, сувата уста е опасна состојба која може да доведе до многу други проблеми ако не се лекува. Ова се петте вообичаени причини за сува уста, и како да се ослободите од нив.

Лекови на рецепт 

Доктор Месина нагласува дека сувата уста е нус-појава од повеќе до 600 лекови. Тоа ги вклучува и популарните групи на лекови како што се оние за желудникот, крвниот притисок и лековите за психички нарушувања.

Стареење 

Како што старееме, нашите плунковни жлезди не работат добро како што би требало“, вели доктор Месина. „Поради тоа произведуваме помалку плунка.“ Сувата уста може да се додаде на списокот на непожелни последици од стареењето.

Дехидрација 

Мала промена во состојбата на водата во организмот доведува до потешкотии во производството на плунката.

Проблеми со дишењето 

Проблемите со синусите или септумот – преградата која ја дели левата ноздра од десната – може да го отежнат дишењето на нос, а дишењето на уста може да резултира со сува уста.

Како да се лекува сува уста?

Доктор Месина за почеток советува дека треба да се пие многу вода. Двапати повеќе вода е потребна ако се има сува уста по консумирање алкохол. Џвакањето на гуми за џвакање без шеќер може да го поттикне производството на плунка. Ако ни вода ни гуми за џвакање не помагаат, се советува да се испробаат некои од производите за плакнење на устата и паста за заби, кои многумина од оние кои патат од сува уста ги сметаат за ефикасни. Таквите производи може да се купат без рецепт, а може да помогнат во стимулирање на производството на плунката. Пасти или спрејови кои ја заменуваат плунката исто така помагаат. Но, повеќето од нив се ефикасни само преку ден.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина