Псоријаза е хронична, генетски условена кожна болест која се манифестира како црвенило и задебелување на кожата прекриена со суви и бели лушпи најчесто на лактите, темето и колената. Освен овде, псоријазата може да се појави и на трупот и на сите други делови од телото. Иако се работи за доживотна болест, од која боледуваат релативно многу луѓе (1 – 2%), можно е псоријазата да се контролира со лекување и со умерена исхрана. Исто така, ризиците кои ја зголемуваат опасноста од рецидивите се различни повреди, како што се исеченици, каснувања од инсекти, изгореници, но и слаб имунитет. Освен тоа, на псоријазата влијаат и вирусните или бактериските инфекции, некои лекови, алкохолот, дебелината, недостигот на витамини, стресот, разни нарушувања и разни надворешни штетни фактори.

Покрај лековите, како што се разни креми на база на кортикостероиди и други локални средства, за контролирање на псоријазата се препорачува редовно и квалитетно одморање и вежбање, добро избалансирана исхрана и одбегнување на стрес.

Губење вишок на килограми

Студијата од 2014 година објавена во Journal of the American Academy of Dermatology ја истакнала поврзаноста на дебелината со зголемениот ризик од развој на псоријаза. Научниците потврдиле дека зголемениот индекс на телесна маса (BMI) е директно поврзан со развојот на псоријаза, но и со низа други болести. Истата година British Journal of Dermatology објавиле студија која ја потврдувала исто така поврзаноста на губење на вишокот килограми и намалените симптоми на псоријаза. Испитаниците за време на траење на студијата биле под медицински третман, но и редовно вежбале и имале прилагодена исхрана.

Исхрана која помага во намалување на симптомите на псоријазата

Како што е кажано, псоријазата е воспалителна болест, исто како и срцевата болест. Затоа, со намалување на воспалителниот процес во организмот, со кое ќе се одржи здравјето на срцето, ќе се намалат и симптомите на псоријазата. Еве неколку совети за исхрана поврзани со подобрување на симптомите на псоријазата:

  • Јадете риба барем два пати неделно. Рибите како туна, харинга, лосос, скуша или пастрмка содржат висок уддел на омега – 3 масни киселини, кои помагаат во намалување на ризикот од развој на кардиоваскуларни болести

  • Од месо одберете немасно месо и живина без кожа. Подготвувајте го месото без користење на заситени и транс масти (растителни масла, маргарини и сл.)
  • Варењето е најдобриот начин за подготовка на месото

  • Во изборот на млечни производи, бирајте ги оние со намален уддел на масти
  • Лимитирајте ги или, уште подобро, целосно исфрлете ги намирниците кои содржат хидрогенизирани растителни масла, бидејќи тие содржат и транс масти
  • Внесувајте во организмот максимално 1500 мг. сол. При бирање на намирниците гледајте ги декларациите и земајте го во обзир удделот на сол
  • Ограничете го внесувањето на алкохол. Ако имате силна псоријаза, обидете се целосно да го исфрлите алкохолот, а ако не сте подготвени за целосно одрекување, ограничете се на еден пијалок на ден.
  • Размислувајте за големината на оброкот, јадете почести, но мали оброци. Исто така, обидете се да ја исфрлите сета преработена и брза храна.
Храна без глутен и псоријазата

Иако нема е докажана директната врска помеѓу храната богата со глутен и засилувањето на симптомите на псоријаза, студиите покажуваат дека дури 25% од луѓето кои имаат дијагностицирано псоријаза се и интолерантни на глутен.

Тагови: псоријаза
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина