4 кундалини вежби за среќа и љубов
Кундалини јогата е исклучително ефикасна терапевтска техника за отстранување на емотивните блокади, кои не попречуваат да оствариме среќа и љубов. Примарната цел е ослободување од внатрешното сомневање, развивање способност за длабоко да се слушаме себеси и да го достигнеме своето најдобро ,,јас,, Дури како самосвесни личности, растоварени од стравови и предрасуди, можеме да оствариме здрави партнерски односи и максимални резултати во секојдневниот живот. Кундалини јогата ни помага да се сакаме себеси целосно. Без основата на љубовта кон себеси, се потпираме на надворешните врски и зависиме од нив. Ниедна зависност не е добра, па ниту онаа во љубовните врска. Од неа се раѓаат вознемирувачки емоции карактеристични за вљубеноста. Кундалини јогата, од друга страна, оспособува за вистинска љубов, која носи исполнување, задоволство и спокојство. Кундалини јогата не бара промена на современите животни стилови и е наменета на сите, без ограничувања. Ова се четирите кундалини вежби кои може да се прават и дома.
1.Ги зголемува привлечноста и харизмата
Положбата на стрелец ги јакне нервниот систем и концентрацијата. Не ослободува од стравовите, ја враќа самодовербата и дава истрајност на воин. А овие особини не прават привлечни и харизматични. Исчекотрете со десната нога и свиткајте ја во коленото, стапалото поставете го право. Рацете наместете ги како да држите лак и стрела. Прстите стиснете ги во тупаница, со палците подигнати нагоре. Гледајте во далечина преку палецот на десната рака. Дишете низ нос, долго и длабоко. Задржете ја оваа положба три до пет минути, па повторете се на другата страна на телото.
2. Го отвора срцето за љубов
Оваа вежба е еден вид на медитација, која ни го отвора срцето за љубов. Седнете во турски сед. Рацете испружете ги пред себе и спојте ги дланките. Рацете се поставени паралелно со подот, лактите се испружени. Силно вдишете на нос, рацете раширете ги во страна и повлечете ги колку што можете наназад. Со издишување вратете ги рацете во првобитната положба. Ускладете ги движењата со здивот, повторувајте ги ритмично, со умерена брзина 26 пати. Затворете ги очите, концентрирајќи се на точката помеѓу веѓите.
3. Помага да го разбереме другиот
Оваа вежба не јакне и физички и ментално. Двата аспекти се клучни за успех и за љубов. Физичката сила е важна за секс, додека менталната ни овозможува навистина да го разбереме и прифатиме партнерот.
Седнете во турски сед и исправете го грбот. Свиткајте ги лактите под прав агол, така што надлактиците да бидат паралелни со подот, прстите испружени и собрани, а дланките насочени кон нагоре. Затворете ги очите и насочете го вниманието на точката помеѓу веѓите. Вдишете на нос, а при издишување изговорете„Хаммммм,,. Почувствувајте ги вибрациите од оваа лековита мантра, која значи ,,ние,, и која ја поврзува нашата среќа со Универзумот. Правете ја вежбата три минути.
4. Лекува стари рани
По оваа вежба дамнешните емотивни повреди повеќе нема да ви го оптоваруваат срцето. Ќе бидете слободни за нови искуства.
Седнете во турски сед. Рацете ставете ги во молитвена положба на центарот од градите и три пати изговорете „Онг–Намо–Гуру–Дев–Намо“ – „му се поклонувам на творецот во мене“. Малку оддалечете ги дланките една од друга и испружете ги прстите, така што да им се допрат врвовите. Дишете на нос – вдишувајте пет секунди, задржете го здивот, па издишувајте пет секунди. Насочете го погледот кон врвот од носот. Вежбајте 11 минути. За крај, вдишете длабоко, задржете го здивот 10 секудни и издишете. Повторете двапати со мантрата „Сат-Нам“ – „во мене е вистината“.






