Доколку сакате да го загубите вишокот килограми, а притоа да не ја намалите количината на храна која ја внесувате, ви претставуваме шест нутритиенти кои ги согоруваат мастите. Со нивното внесување преку исхраната ќе го зголемите губењето на тежината за дури 70%.

1. Витамин Д

Како ги согорува мастите: Се повеќе студии покажуваат дека витаминот Д им помага на телесните клетки да реагираат на инсулинот, хормонот кој настанува во панкреасот. Една од неговите задачи е да и помага на гликозата да влегува во келтките, која ја согоруваат поради енергија. Втурнувањето на гликозата од страна на инсулинот се нарекува ,,чувствителност на инсулин,,. Колку се клетките повеќе чувствителни на инсулин, толку подобро, додека обратната ситуација доведува до претворање на калориите во масни клетки. Кога нивото на витаминот Д е ниско, се подига нивото на паратиреоидниот хормон. Кога овој хормон е застапен повеќе од нормално, се придвижува цела серија на реакции кои доведуваат до тоа масните клетки да го претвораат шеќерот во масти кои ги чуваат, наместо да ги пуштаат да бидат истрошени.

Недостигот на витамин Д ја попречува и работата на хормонот лептин – кој му сигнализира на мозокот кога треба да престане да јаде. Вашето тело не знае кога е доста, па продолжувате да јадете и повеќе отколку што е потребно.

2. Калциум

Како ги согорува мастите: Калциумот е минерал кој работи во тандем со витаминот Д за да може да се ослободиме од вишокот на масти. Кациумот се чува во масните клетки, а истражувачите сметаат дека колку повеќе има калциум во масната клетка, толку повеќе масти ќе се потрошат од таа клетка. Калциумот, исто така, го забрзува губењето на телесната тежина, бидејќи ги насочува мастите кон дигестивниот тракт, наместо да се апсорбира во крвотокот.

3. Протеини

Како ги согорува мастите: Покрај тоа што го држат гладот под контрола, консумирањето протеини во секој оброк го оддржува телото избалансирано количината масти наспроти мускулите ќе биде во подобар однос. Покрај калциум и витамин Д, протеините помагаат во оддржувањето на масата на мускулите додека слабеете. Една студија покажала дека жените кои земале протеини два пати дневно, губеле 3,9% килограми повеќе за разлика од оние кои земале помалку. И, тие не само што загубиле повеќе килограми, туку и станале посилни и поиздржливи.

4. Омега-3 масни киселини

Како ги согорува мастите: Омега-3 масните киселини овозможуваат губење на килограмите така што ги претвораат ензимите кои ги согоруваат мастите во клетките. Исто така и го подобруваат расположението, кое може да биде причина за прекумерно консумирање на храна и сигнализирање на хормонот лептин, кој во мозокот го вклучува согорувањето на мастите, а намалување на апетитот. Рибата како што е лососот е една од најбогатите извори на овие масти.

5. Мононезаситени масни киселини

Како ги согорува мастите: Една данска студија, во која учествувале 26 мажи и жени, открила дека исхраната која вклучува околу 20% калории од овие киселини, (масти кои можат да се најдат во маслиновото масло, авокадото, јаткастите плодови, семките, чоколадата и путерот од кикиритки) го подобруваат согорувањето на калориите за 0,1% во 24 часа, а согорувањето на мастите за 0,04% после 6 месеци.

6. Полифеноли

Како ги согорува мастите: Полифенолите се антиоксиданси кои на зеленот чај му даваат здравствени и метаболички бенефиции. Истражувањата покажуваат дека го забрзуваат забавениот метаболизам за неверојатни 17%, што му помага на организмот да согори повеќе масти. Нивниот ефект може да се почувствува веднаш по пиењето на чајот. Се чувствува зголемување на температрата, бидејќи клетките ќе почнат да ги користат калориите од топлината. Од оваа причина зелениот чај е зимски еликсир.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина