Градењето на челични стомачни е секогаш актуелна тема, а постојат илјада начини како да го оптоварите својот стомачен ѕид и секој од нив ќе ви донесе одреден бенефит. Ова е супер серија од 10 вежби за стомакот, кои ќе го активираат секој дел од вашите стомачни тестирајќи ви ја издржливоста и вољата до горните граници на болка. Ако почнете и се откажете на половина, запомнете дека границата помеѓу силните и слабите стомачни е всушност во толеранцијата на болката во мускулите за време на изведувањето на овие и некои слични супер серии.

Вежбите правете ги без пауза и само една серија. Ако направите се до крај – ќе направите точно 500 повторувања. Дали сте подготвени?

Вежба 1: КУСИ КОНТРАКЦИИ 
50 повторувања

Вежба 2: СПРОТИВНО КОЛЕНО
50 повторувања

Вежба 3: КУСИ КОНТРАКЦИИ НА НОЗЕТЕ ПОД АГОЛ ОД 90 СТЕПЕНИ  
40 повторувања

Вежба 4: ДИЈАГОНАЛИ
60 повторувања

Вежба 5: РАКА НА СПРОТИВНАТА НОГА  
по 20 повторувања

Вежба 6: НОЖИЧКИ НА ЛАКТИТЕ 
60 повторувања

Вежба 7: СТРАНИЧНА СКЛОПКА
по 20 повторувања

Вежба 8: ПРСТИ ПРЕКУ КОЛЕНАТА  
50 повторувања

Вежба 9: ЛАКТ КОН СПРОТИВНОТО КОЛЕНО  
60 повторувања

Вежба 10: КОЛЕНА ЛАКТОВИ  
50 повторувања

На крај, задолжително стегнете ги мускулите, а овој тренинг за стомакот може да го повторувате секој втор ден во текот на еден месец.

Важно е да се напомене дека без адекватна исхрана нема да има ни убави стомачни и дека тренингот е дел од мозаикот кој треба да го склопите за идеални стомачни мускули.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина